Контакт

Црна хроника

Кичевец силувал 14-годишно девојче, настанот го забележал случаен минувач

Објавено пред

Шеесет и четиригодишен кичевец силувал 14-годишно девојче во дел од градот каде што има помало движење на луѓе. Настанот го забележал случаен минувач, кој пријавил во полиција.

Основното јавно обвинителство – Гостивар соопшти дека во текот на вчерашниот ден во Кичево лице на возраст од 67 години извршило полов напад врз дете на возраст под 14 години. „Нападот се случил во попладневните часови во дел од градот каде има помало движење на луѓе. Настанот го забележал случаен минувач кој веднаш пријавил во Министерството за внатрешни работи. Кратко потоа осомниченото лице кое избегало било уапсено“, велат од Обвинителството.

Против него е отворена истражна постапка за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, за што е предвидена затворска казна во времетраење од најмалку 12 години. Обвинителството поднесе предлог до судот за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Црна хроника

Вчера во Скопје единаесет сообраќајни несреќи

Објавено пред

Од

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои пет со лесни телесни повреди и шест со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди 11 лица добиле лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 58 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи, од кои: шест возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило, двајца бидејќи биле возачи почетници и три возачи поради сторени други прекршоци.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 17 возила: 15 поради истечена важност на сообраќајната дозвола и две возила поради техничка неисправност. Не е санкциониран ниту еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, поради неправилно престројување, недавање првенство на минување на пешаци и поради користење мобилен телефон додека управувале моторно возило. Исто така, не е санкциониран ниту еден пешак. Во текот на изминатиот ден издадени се 207 мандатни платни налози, а 58 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приватен автобус удрил во тезга, продавачот ја спаси внуката и почина

Објавено пред

Од

Приватен автобус удри во тезга на улицата Индира Ганди, соопшти МВР. Продавачот на тезгата ја оттргнал внуката од местото на настанот по што му се слошило и паднал во бесвест.

Со друго возило 55-годишниот човек бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар била констатирана смрт.

Од МВР велат дека приватниот автобус се движел кон тезгата и од непозната причина возачот не можел да го сопре автобусот по што удрил во неа.

Со одобрение на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Две лица се загубиле на Галичица

Објавено пред

Од

Две лица биле пронајдени на Галичица кога претходно јавиле кај нивен пријател дека се загубиле.

„Б.Т. (44) од Охрид пријавил дека телефонски се слушнал со своите пријатели Г.А. и Р.Т. од село Радолишта, Струшко, кои му кажале дека се наоѓаат на планината Галичица, но дека не ја знаат точната локација. Возилото со кое биле претходно го оставиле во селото Велестово. Од тој момент до 21 часот лицата биле недостапни на своите мобилни телефони. Во 21 часот со лицата бил остварен телефонски контакт, а во 5 часот биле пронајдени“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Милошоски: Денес е јасно кои беа аргументите за ослободитeлната пресуда за Поткуп

Денес е јасно кои беа аргументите за ослободитeлна пресуда за Поткуп, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција во Собранието....

Македонија28 минути

Делегација на демонстрантите бара средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Демонстрантите, кои во пресрет на седницата за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, започнаа протест пред Собранието...

Македонија49 минути

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа пауза и ја напуштија седницата

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието побараа пауза по што ја напуштија седницата. Претходно, од 109 гласа, со 69 „за“...

Македонија58 минути

Демонстрантите ги повикаа Мицкоски и пратениците да излезат од Собранието и да им се придружат

Помала група демонстранти се собраа пред зградата на парламентот поради закажаната седница, на чиј дневен ред е предлог-законот за ратификација...

Македонија58 минути

Собранието по скратена постапка ќе го ратификува договорот со Грција

Oд 109 гласа, со 69 „за“ и 40 „против“ Собранието ја усвои потребата договорот со Грција да биде ратификуван по...

Македонија1 час

Демонстрантите пред Собранието бараат оставка од Владата, а не ратификација на договорот за името

Помала група граѓани денеска повторно излегоа на протест пред Собранието на РМ поради закажаната седница, на чиј дневен ред е...

Македонија4 часа

Со почеток на расправата за договорот со Грција, почнуваат и протести пред Собранието

Договорот за промена на името, со кој се решава спорот меѓу Македонија и Грција, денес ќе биде ставен во процедура...

Македонија15 часа

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Македонија15 часа

(Видео) Демонстрантите со порака до Владата да се откаже од договорот со Грција

На протестите пред Собранието на Република Македонија, кои продолжуваат веќе петти ден, демонстрантите порачаа дека македонскиот народ не го заслужил...

Македонија16 часа

Протест пред Собранието на Република Македонија

Петти ден по ред, пред Собранието на Република Македонија толпа граѓани протестираат поради договорот со Грција за промена на името...

Македонија20 часа

(Видео) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание

Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога...

Македонија21 час

(Видео) Демонстрантите се жалат на употребата на шок-бомби, МВР вели – полициска процена

Демонстрантите што синоќа протестираа пред Собранието реагираат дека полицијата прекумерно употребила сила врз нив, како и дека без потреба биле...

Македонија22 часа

Обвинителството и МВР ќе истражуваат – кој испраќа заканувачки пораки и слики на „Фејсбук“

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека било известено од страна на Министерството за внатрешни работи за заканувачки пораки и слики...

Македонија23 часа

Приведениот новинар одбил да се легитимира, велат од МВР

Во врска со новинарот на порталот „Инфомакс“, ја информираме јавноста дека тој одбивал да се легитимира, а притоа дал активен...

Македонија23 часа

Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош....

Македонија1 ден

Левица: МВР употреби прекумерна сила на синоќешните протести

Силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок-бомби врз мирните невооружени демонстранти, реагираат од Левицата. Оваа акција...

Македонија1 ден

Владата ќе го достави законот за ратификација на договорот до Собранието

Владата ќе го достави до Собранието предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната...

Македонија1 ден

Син на екссудијка призна вина за крвавиот четврток – осуден на 1 година затвор

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признаа вина, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс“. На судското...

Надворешна политика1 ден

Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори со Македонија

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот...

Македонија1 ден

СДСМ ги осуди насилството и говорот на омраза пред Собранието 

СДСМ ги осуди вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците кои се обидуваа да спречат...

Досие