Црна хроника
Кокаин, хероин и таблети најдени во Куманово, приведени се двајца
Вчера во 04.00 часот во Меморијалниот центар во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.К.(29) и А.П.(22), двајцата од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени кокаин, хероин и таблети.
Д.К. и А.П. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Косовец го подметнал пожарот во подрумските простории на Општина Тетово
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.(38) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
На 06.10.2024, пријавениот предизвикал пожар во подрумските простории на општина Тетово, по што бил фатен и лишен од слобода.
Од судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена кој ќе ја издржува во Казнено – поправната устнова Затвор Шутка во Скопје.
Црна хроника
Тинејџер си ја претепал својата мајка
Во 07:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.В.(18) од Скопје.
Приведен е затоа што на 09.10.2024 околу 19:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 42-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Обвинение против скопјанец, им дал таблети и алхолол на деца во куќа во Козле
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 40-годишен скопјанец за Тешки дела против здравјето на луѓето по член 217 став 1 во врска со член 212 став 1, како и четири кривични дела – Излагање на опасност согласно член 134 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 11 и 12 јули годинава, во неговиот дом во Козле, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето и им дал да ги употребуваат на четири деца родени 2006, 2007, 2008 и 2009 година. Тој заедно со децата почнале да конзумираат алкохол првично на летниковец во дворот, а потоа во текот на ноќта и во дневната соба од куќата. Во текот на вечерта обвинетиот од комодата во дневната соба извадил лекови „тергатол 200 мг”, „запира 10 мг” и „дијазепам 5 мг” кои ги користел како ординирана терапија за одвикнување од алкохолизам. Дел во таблети, а дел изронети за да можат да се земат преку шмркнување со носот, им ги понудил на оштетените деца „за подобро расположение“. Иако бил свесен дека од ваквата комбинација на лекови и алкохол може да настапи штетна последица, тешко им го нарушил здравјето на децата. Кога лековите почнале да делуваат со нивното дејство кое манифестира вртоглавица, нерамнотежа и нарушување на свеста, децата започнале да паѓаат и се здобиле со повеќе телесни повреди.
Обвинетиот ги оставил децата и си заминал да спие во спалната соба. Утрината кога станал повторно ги затекнал како лежат во безсознание и ги оставил без каква било помош, иако претходно самиот го довел во опасност нивниот живот.
При интервенција по пријава за нарушен ред и мир, полицијата ги пронашла децата паднати на подот во дневната соба со сериозно влошена здравствена состојба. Со возило на итна медицинска помош тие биле префрлени на Клиниката за токсикологија, каде што кај нив било констатирано присуство на бензодијазепини во зголемена концентрација, како и присуство на “карбамазепин“, “диазепам“, „нордазепам“, „циталограм“, „темапзепам“ и „парацетамол“ во крвта.