Контакт

Топ

Кон убиениот во Рашче било пукано од возило – МВР со детали за убиството

Објавено пред

Кон шеесет и деветгодишниот Ш.Џ кој беше убиен вчера во селото Рашче, било пукано од возило, соопшти МВР.

Кога Ш.Џ бил погоден од истрелите, тој исто така бил во автомобил, пришто починал на лице место.

Полицијата јави дека убиениот е од Сарај.

Убиството се случи вчера околу 15 часот на влез во селото Рашче. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Македонија

Со полиција ќе се земаат анкети од семејството на починатиот од Ковид-19, на чиј погреб имало 200 луѓе

Објавено пред

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска ќе направат акција да се земат епидемиолошки анкети од семејството на покојникот кој починал во приватна болница и кој не бил закопан под протокол за вирусот Ковид-19, иако посмртниот бриис му бил позитивен.

За овој случај, директорот на Центарот за јавно здравје Скопје информираше дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе.

Во моментов, осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Македонија

И денеска Чаир, Бутел и Сарај имаат најмногу заразени

Објавено пред

Од денешните 22 случаи на заразени со коронавирус во Скопје, најмногу се од Чаир, Бутел и Сарај.

Според податоците, Чаир има 5 новозаразени, Бутел – 3, Сарај – 2, Аеродром – 2, Шуто Оризари -2, Ѓорче Петров – 2, Илинден – 2, Гази Баба -1, Студеничани – 1, Сопиште – 1, Кисела Вода- 1.

Во Скопје во моментов има 248 активни случаи со коронавирус: Чаир – 54, Сарај – 39, Аеродром- 30, Гази Баба-30, Бутел-28, Илинден-10, Карпош-9, Кисела Вода-9, Ѓорче Петров-8, Студеничани-8, Центар-8 Шуто Оризари-7, Арачиново-3 Петровец-3 и Сопиште со 2 активни случаи.

Вкупно на територијата на Македонија денеска беа потврдени 35 новозаразени, а починаа уште 5 лица.

Прикажи повеќе...

Македонија

Протокол за градинките: Децата да држат растојание, за секое дете да се обезбедат 2 постелнини

Објавено пред

Владата денеска на седница го усвои протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба.

Ова се правилата кои ќе важат за градинките.

УСТАНОВАТА

Пред да се отворат установите потребно е да се исчистат и дезинфицираат сите простории во објектите, да се направи чистење и дезинфекција на целата опремата и инвентарот (во занималните, кујната, магацините, пералните, собата за изолација, административните простори и другите простории во објектите) (од страна на Локалната самоуправа или од Центрите за јавно здравје да се направи дезинфекција на просторот и дворовите во градинките).

После извршената дезинфекција да се направи проветрување на просториите.

Установата да обезбеди доволна лична заштитна опрема (маски и ракавици ) за вработените.

Установата да има безконтактен термометар за секој влез на установата.

Установата да обезбеди доволна количина на средства за одржување на општа и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот.

На влезните врати во објектите да има поставено бариера за дезинфекција.

Хронично болните да бидат ослободени од работа согласно Уредба на Владата која е моментално на сила.

Да им се укаже на вработените за обврската да го следат сопственото здравје и состојбата на децата при прием и во текот на престојот на децата во установата. Вработените да се однесуваат одговорно и да придржуваат кон општите препораки за превенцијата на КОВИД-19 (физичка дистанца и употреба на лична заштитна опрема) на работното место и вон.

Веднаш да се отстранат вработените лица од своите работни мести доколку имаат било какви симптоми на болест.

Да се дезинфицираат прекидачите, кваки на вратите, мијалници, масите, столови на секои два часа во текот на денот.

Да се бришат во текот на денот повеќе пати подовите во објектот, а теписоните каде што постои можност да се отстранат.

Активностите во дворот да се реализираат така што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца во исто време.

Да се направи распоред за прием на децата по воспитна група и да има 10 минути период за прием помеѓу воспитните групи доколку влегуваат на исти влез.

Да се одбележи пред секој влез на објектите растојание од два метра за родители при предавање на деца (само еден родител кој носи заштитна маска).

Задолжително мерење температура со безконтактен термометар на вработените при влегување во установа и воведување на задолжително миење на рацете или дезинфекција.

Задолжително мерење температура со безконтактен термометар на децата при прием во установата и задолжително миење на рацете.

Да се обезбеди растојание од 1,5 – 2 метри меѓу масите за седење на децата.

Да се обезбеди креветче и по две постелнина за секое дете.

Да се стават едукативни постери со препораки за превентивни активности на истакнати места.

Вработените задолжително да носат заштитни маски на своите работни места.

Да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти.

Воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имаат максимум по 6 деца и двајца вработени во смена.

Воспитните групи за деца од З до 10 годишна возраст да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена.

Секој родител да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.

Да се организира престојот на децата на таков начин што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца (сместени во одделни простории) во согласност со можностите, а игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено, во мали групи.

Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории.

Лицата кои доставуваат храна задолжително да носат заштитни маски и ракавици, храната за децата да се остава пред занималната, а децата да јадат во својата занимална со претходно направена дезинфекција на масите.
Установата да обезбеди потврда од родителот/е дека работните задачи задолжително мора да ги извршува/ат на работното место, без можност за работа од дома.

ВОСПИТНО /ЗГРИЖУВАЧКИОТ КАДАР

Секој вработен мора да носи задолжително лична заштитна опрема (маска) кога е на работно место.

Практикување на често миење на рацете и посебно внимание да се посвети на потребата од засилени хигиенски мерки во случај на миење, хранење, држење во рацете на децата.

При јадење не дозволувајте децата да споделуваат храна едни со други.

Не користете играчки што не се перат и дезинфицираат, особено меки играчки (платнени, плишани) истите да се отстранат од групите-занималните.

Да се разделуваат играчки помеѓу воспитни групи и деца пред да се измијат и дезинфицираат. Да се воспостави јасна постапка за миење, дезинфекција и отстранување на чиста и „валкана” користена играчка за да се спречи вкрстувањето.

Да се воведе задолжително миење на рацете на деца при прием и почести миења во текот на денот, а задолжително после кивање, кашлање, плачење, пред и после консумирање храна и одење во тоалет.

Да се воведе задолжителен надзор на децата при миење на рацете.

Кога се менуваат пелени во помалите групи, строго да се почитува постапката за одржување на хигиената на рацете пред и после менувањето и отстранување на пелени. После промена на пелена, да се направи миење на рацете на детето, како и миење и дезинфекција на површини и конечно миење на рацете по постапката.

Кога се користат средства за дезинфекција, да се земе во предвид правилната примена во согласност со упатствата на производителот во врска со целта, концентрацијата, начинот на употреба и потребното време за контакт.

Средствата за дезинфекција да се чуваат надвор од дофат на децата.

Редовно, во согласност со временските услови да се отворат прозорците, особено во просториите за деца. Да не се користи вештачка вентилација.

Пасивен одмор да се организира спиењето така што децата да бидат поставени на креветите според принципот „нозе глава“ со препорачано растојание од 1,5 – 2м. Обезбедете единечни кревети и постелнина за секое дете и истите да бидат обележени со име на детето и строго да се води грижа да не се мешаат.

Да се спроведат засилени воспитни активности со деца, со цел да се олесни разбирањето и усвојувањето на новите правила за заштита од вирусите и да се создаваат навики кај децата за лична хигиена, за важноста на често и правилно миење на рацете (минимум 20 секунди – на пример со песна), кашлање и кивање во подлактицата за просторна дистанца за која треба да се размислува преку игра на деца – да се стават да седат на растојание едни од други – на пример да вежбаат да ги истегнуваат рацете и да ги мавтаат со крилјата за да не се допираат, да избегнуваат да го допираат Лицето и др.

Да се контролираат причините за отсуство на деца, да се контактираат родителите, а доколку е потребно и со матичниот педијатар или лекар од надлежниот центар за јавно здравје.

Да не се спроведуваат организирани групни активности во објектот (настани, итн.), како и организирана посета на места каде што се очекува да се соберат голем број на луѓе (кина, театри и слично)

Во случај на здравствени промени кај згрижените деца, треба да се преземе следново:

– во случај на промена во здравствената состојба (зголемена температура) да се изолира детето во просторијата за изолација, веднаш да се извести родителот/старателот, доколку детето има температура се препорачува мерењето на температурата да биде со безконтактен термометар, доколку температурата на телото се мери со обичен термометар, потребна е дезинфекција на термометар како и миење или дезинфекција на рацете.

Да се провери здравјето на другите деца во групата и да се изолираат сите сомнителни случаи.

Во случај на потврда на инфекција КОВИД-19, не користете го местото каде што престојувало лицето и да се извести надлежната епидемиолошка служба во Центарот за јавно здравје која «е даде понатамошни насоки за функционирање на установата.

Се препорачува да се избегнуваат игри и активности во кои има контакти, игри со топки како и размена лични предмети, играчки и слично.

Доколку е возможно, децата од воспитната група да го користат исклучиво тоалетот на нивната занимална.

Се забранува влегување на други возрасни лица, освен одговорните лица на групата.

РОДИТЕЛИ
Родителите при носење на децата во градинка задолжително да имаат заштитна маска.

Да го почитуваат утврденото време за носење на детето во установата, како и просторната дистанца при предавање и земање на детето.

Носењето и земањето на детето од градинка да го врши само еден родител, освен во исклучителни ситуации со најава да биде друго лице.

Доколку родителот забележи појава на симптоми кај детето (зголемена температура, повраќање или пролив и др.) да не го носи детето во градинка и веднаш да се консултира со лекар.

Родителот/родителите пред повторно да го вклучи детето во градинката потребно е да достави потврда од работодавач дека работните задачи задолжително мора да ги извршуваат на работното место.

Родителот да обезбеди лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Со полиција ќе се земаат анкети од семејството на починатиот од Ковид-19, на чиј погреб имало 200 луѓе

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска...

Македонија4 часа

И денеска Чаир, Бутел и Сарај имаат најмногу заразени

Од денешните 22 случаи на заразени со коронавирус во Скопје, најмногу се од Чаир, Бутел и Сарај. Според податоците, Чаир има...

Македонија5 часа

Протокол за градинките: Децата да држат растојание, за секое дете да се обезбедат 2 постелнини

Владата денеска на седница го усвои протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на...

Македонија7 часа

Потврдени се 35 новозаразени, а починаа уште 5 лица меѓу кои и бебето кое беше испратено во Швајцарија

Денеска се потврдени 35 нови случаи на ковид 19, а починати се 5 лица, информираат од Министерството за здравство. На...

Македонија7 часа

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски по состанокот кој го имаше со Советот за безбедност, одлучи да прогласи нова вонредната состојба, четвртта по...

Македонија9 часа

Откако беше разрешен, реисот поднесува оставка: „Спремен сум да одговарам пред Бога и пред законот“

Откако пред неколку дена беше разрешен, поранешниот реис на ИВЗ Сулејман Реџепи преку соопштение пишува дека дава неотповиклива оставка од...

Свет9 часа

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони. Со коронавирусот се заразени 6.035.071 луѓе, 366.913 починале, а 2.66.658...

Македонија10 часа

Чулев законски делел решенија во МВР, Управниот суд утврди дека Владата погрешно ги поништила

Управниот Суд на седница одржана на 7 мај донесе пресуда со која тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи застапувано...

Македонија10 часа

Oд Македонија и Филипините биле објавувани теории на заговор поврзани со коронавирусот, соопшти „Фејсбук“

Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради користење т.н. Трол-фарми од Македонија и Филипините,...

Македонија11 час

На 264 лица издадени им се решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие,  на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за...

Македонија11 час

СДСМ посочува на одговорност кај министерот Чулев за зголемувањето на бројот на новозаразени

Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата, министерот за внатрешни работи, Наќе...

Македонија11 час

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на членовите на Комисијата за заразни болети

Повикуваме да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и на нивно место да дојдат експерти со морален интегритет,...

Македонија11 час

Денеска ќе се одлучува за укинување или воведување нова вонредна состојба

Денеска во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност....

Свет23 часа

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија1 ден

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион1 ден

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија1 ден

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија1 ден

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија1 ден

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Досие