Црна хроника
Крадец фатен откако одзел делови од комбајн во Трубарево

Дваесет и осумгодишно лице од скопско Трубарево било лишено од слобода во петокот ноќта поради сомнение дека украло повеќе делови за работна машина – комбајн, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– На 24 јануари во 22:15 часот во село Миладиновци, скопско, полициски службеници од СВР – Скопје го лишиле од слобода А.Б.. Тој се сомничи дека истиот ден во периодот од 20 до 21 часот, со употреба на сила, влегол во дворно место на Љ.П., 63-годишно лице од селото Дељадровци, скопско, по што одзел повеќе делови за работна машина – комбајн, појаснуваат од Министерството.
Пронајдените одземени делови кај него, биле вратени на сопственикот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, како што потенцираат од МВР, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден 18-годишен мотоциклист во Гевгелија

Вчера во 20.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„7-ми Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат добло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ж.К.(70), и мотоцикл „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од И.Ч.(18), двајцата од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Црна хроника
Тешко повреден возач, со возило излетал кај патот во Битола

Вчера во 23.06 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Маково, пред мостот на река Драгор, патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(21) од с.Новаци, битолско, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Топ
Брендирана роба без документација пронајдена во товарно возило: приведен струмичанец

Вчера околу 16.30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции извршиле контрола на товарно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(59) од Струмица.
При контролата во возилото биле пронајдени и одземени вкупно 672 парчиња брендирана роба за која не поседувал соодветна документација.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 285 од Кривичниот законик.