Контакт

Црна хроника

Кратовец со пушка го застрелал соседот, по што извршил самоубиство

Објавено пред

Во кратовското село Луково во попладневните часови на 17 април се случил грозоморен инцидент на убиство и самоубиство.

Како што информираат од МВР, 57-годишен кратовец, кој имал здравствени проблеми, отишол до куќата на својот 66-годишен сосед и со неговата ловечка пушка, што ја поседувал со дозвола, испукал еден куршум и го застрелал соседот, кој починал на местото на настанот.

Потоа 57-годишникот со пушката заминал пред својата куќа и во дворот се самоубил.

По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за судска медицина – Скопје за обдукција. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово и се работи на расчистување на случајот.

Црна хроника

Приведено 15 -годишно момче кај кого е пронајдена марихуана

Објавено пред

Полицијата привела 15-годишно момче од Гостивар кај кого е пронајдена марихуана. Како што соопшти МВР, околу 1.30 часот при претрес на куќа на улица „Боге Велјановски“ во Гостивар, во која престојувал 15-годишен гостиварец, пронајдена е марихуана. Малолетникот е
лишен е од слобода за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Во судир на две возила во Струмичко повредена жена

Објавено пред

Една жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што вчера се случила на крстосницата од локалните патишта за село Габрово – село Банско и село Муртино, Струмичко помеѓу „форд галакси“, управуван од Ј. М. (47) од Струмица, и „пежо 307“, управуван од Д. К. (27) од Охрид.

Во незгодата тешки телесни повреди добила една од сопатничките во возилото „форд галакси“, која била пренесена во Медицинскиот центар во Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повреден 20-годишен мотоциклист во Злетово

Објавено пред

Во сообраќајна несреќа, што синоќа се случила на улицата Македонија во Злетово, Пробиштипско, помеѓу автомобил „фолксваген голф“, управувано од Х. З. (41) од Злетово, и мотоцикл „лифан“, управуван од Ф. К. (20) од с. Ратавица, Пробиштипско, тешки телесни повреди добил возачот на мотоциклот, кој бил пренесен во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Пробиштип.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 минути

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде му се заканува смртна казна

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран на земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија2 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа2 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија10 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија10 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија12 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија12 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион15 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија16 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија17 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија20 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија20 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија20 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија21 час

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија22 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија24 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава1 ден

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет1 ден

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет1 ден

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Досие