Црна хроника
Кривична за охриѓанец што возел со фалш дозвола

Oхридската полиција поднесе кривична пријава против 22-годишниот П. Т. од овој град поради сомнение за сторено кривично дело фалсикување исправа.
Како што информираат од МВР, при преглед извршен на 9 ноември минатата година кај него била пронајдена фалсификувана возачка дозвола по што, по извршени проверки, констатирано е дека тој воопшто не поседувал возачки документи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Малолетничко насилство во училиштен двор: натепани двајца тинејџери

Двајца малолетници биле физички нападнати во двор на средно училиште во скопската населба Карпош.
Како што информираа од МВР, утрово во станица биле повикани А.З.(18) и уште тројца малолетници, сите од Сингелиќ, скопско, кои се осомниечни за нападот.
Со нив бил извршен службен разговор во присуство на нивните родители, известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Илегално влегол во земјата и дал лажен исказ: пронајден француски државјанин, кој во Франција бил пријавен за исчезнат

Полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица заедно со припадниците на ФРОНТЕКС го пронајдоа С. И. (21) од Франција, кој во својата земја бил пријавен за исчезнат.
Тој бил затекнат при илегален влез на територија на Република Северна Македонија и дал лажен исказ за личните податоци.
Но, по дополнителни проверки во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка, на 27.9.2023 е добиена потврда од француските власти дека станува збор за С. И., француски државјанин, кој во својата земја се води како исчезнат од 11.3.2023.
Во согласност со законските регулативи лицето ќе биде предадено на семејството.
Црна хроника
Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на автопатот А1 кај Гевгелија, го лишија од слобода И. М. (41) од Струга, кој со товарно возило „фиат дукато“, со охридски регистерски таблички, превезувал 33 мигранти.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти полицијата.