Црна хроника
Кривична за полицаец што зел поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против С. С. од Скопје, полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело примање поткуп.
На 26.7.2022, при вршење службени дејства на автопатот Скопје – Миладиновци, при контрола на патничко возило пријавениот побарал и примил 2.000 денари од лице за да не изготви записник и прекршочен платен налог за сторен и констатиран сообраќаен прекршок. По тоа, оштетеното лице го пријавило случајот во полициска станица, а по преземените мерки, било утврдено дека пријавениот го сторил делото и му е поднесена кривична пријава.
Воедно, од Одделот за внатрешна контрола поднесена е иницијатива за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и предлог за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападната докторка од Брза помош додека извршувала работни обврски

Вчера во 13.15 часот во Полициска станица Бит Пазар, С.И.(28) од Скопје пријавила дека околу 01.00 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, додека ги извршувала своите работни обврски како лекар во Итна медицинска помош, по претходно недоразбирање, била физички нападната од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Скопјанец пукал со пиштол поради сообраќајна расправија па побегнал

Вчера во 11.40 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, физички го нападнало Р.Д.(36) и испукало со пиштол.
Р.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, по преземени активности сторителот е идентификуван и станува збор за Н.М.(35), обезбедени се сите докази против него и распишана е потерница, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен крадец од Албанија, бил фатен на дело

Денеска во 02.50 часот во с.Мала Речица, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Г.(32) од Р.Албанија.
Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „кражба“ од куќа во с.Мала Речица, сопственост на А.Д.(33) од истото село.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.