Контакт

Црна хроника

Кривична за скопски разбојник кој за една недела украл три автомобили

Објавено пред

Триесет и петгодишен скопјанец доби кривична пријава порди тоа што органите на прогонот го товарат за сторени три кривични дела „одземање моторно возило“, со што тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 580.000 денари. Станува збор за Н.К. кој за полицијата е познат сторител на имотни деликти за што, во периодот 1997 до 2014 година, му биле поднесени вкупно 166 кривични пријави по однос на овој вид криминал.

Како што информираат од МВР, пријавениот Н.К., првото кривично дело го извршил на 16-ти месецов на паркинг просторот пред седиштето на Царинската управа, на скопската улица Лазар Личеноски. Тој влегол во незаклучен автомобил „фолксваген поло“, ги пронашол клучевите, го стартувал возилото и заминал во непознат правец. Одземениот автомобил бил пронајден четири дена подоцна од страна на полициски службеници и бил вратен на сопственикот.

Втората кражба на автомобил скопјанецот ја извршил на 20-ти месецов на булеварот Партизански Одреди. Тој го искористил невниманието на сопственикот, кој застанал со автомобил „мерцедес“ пред аптека, па го оставил возилото со клуч во бравата за накратко да влезе во аптеката. Рабојникот веднаш влегол во автомобилот, го стартувал и заминал во непознат правец. Истиот ден, од страна на полицајци, возилото било лоцирано на улица Јужен Булевар каде било оставено без регистарски ознаки. За кратко време Н.К. се вратил да го земе возилото, по што бил лишен од слобода и однесен во просториите на полициската станица Центар. Со него бил извршен разговор во којшто го признал делото.

Третата кражба ја извршил два дена подоцна, односно на 22-ри овој месец, на улица Филип Втори Македонски. Слично како при втората кражба, разбојникот го искористил невниманието на сопственикот кој застанал со автомобил „фолксваген голф“ пред аптека, оставајќи го возилото со контакт клуч во бравата, по што влегол во аптеката. Пријавениот веднаш влегол во возилото, го стартувал со клучот и заминал во непознат правец. Наредниот ден околу три часот по полноќ, од страна на полициски службеници, пријавениот бил затекнат како го управува украдениот автомобил, по што бил лишен од слобода и бил приведен во Полициската станица Центар.

Црна хроника

Две лица нападнале маж што дошол во полиција да ги пријави за насилство

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против лицата И. Д. (51) и Н. Д. (49), двајцата од с. Чегране, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

Според информациите од МВР, на 24.11.2019, на улицата 18 Ноември во Гостивар, оштетениот Р. Д. (47) од с. Чегране, Гостиварско, со сопругата и синот пристигнале пред Полициската станица Гостивар за да пријават физички напад извршен врз неговиот син, каде што се сретнале со пријавените лица, кои физички го нападнале Р. Д. Првопријавениот при нападот употребил тврд предмет. Од полициски службеници пријавените биле лишени од слобода.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Непознат човек запалил полициско возило и пукал кон полицајци во Куманово

Објавено пред

Полициски службеници при СВР Куманово синоќа на улицата Трета македонска бригада во Куманово забележале човек што предизвикал пожар на полициско возило „шевролет спарк“, кое било паркирано пред поранешниот Дом на АРМ.

Како што наведува МВР, лицето се дало во бегство, а по кусо време од страна на полициски службеници било забележано на улицата Боро Прцан, но не ја почитувало дадената наредба за застанување, туку вперило огнено оружје и испукало неколку проектили кон нив по што побегнало. Во инцидентот нема повредени.

Опожареното возило е изгаснато по интервенција од страна на Противпожарната единица Куманово. Во координација со јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Обвинение за скопјанецот што криел марихуана во дворот на сосетката

Објавено пред

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 27-годишен скопјанец што криел марихуана во дворот на сосетката.

Обвинетиот 27-годишник неовластено, заради продажба, држел наркотична дрога марихуана, со вкупна нето-маса од 1.521,2 грам. Дрогата била спакувана во три полиетиленски пакувања завиткани со транспарентна фолија, а обвинетиот ги чувал скриени во дворот на своја сосетка во Ѓорче Петров. Извршувајќи работи во дворот, сосетката ги пронашла дрогата и една дигитална вага со остатоци од марихуана.

Јавниот обвинител предложи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор, со оглед на тоа што се работи за лице претходно веќе осудувано за исто дело, што го оправдува стравот дека тој би можел да го повтори делото или да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија11 час

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија12 часа

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија13 часа

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Македонија13 часа

(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани...

Свет14 часа

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Македонија15 часа

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот...

Македонија17 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Македонија17 часа

Одложено судењето против Елизабета Канческа-Милевска

Поради новото закажано рочиште за ТНТ, се одложи судењето за „Тендери“, во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска....

Топ17 часа

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајна незгода во Струмичко

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата кај Габровските...

Свет18 часа

Хари: Меган и јас немавме избор, одлуката не беше лесна

„Меган и јас продолжуваме кон непознато, но навистина немавме избор“, порача принцот Хари на првиот настап во јавноста по најавите...

Свет18 часа

Шестмина загинати во поплави во Бразил

Најмалку шест лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато по силните поплави во јужниот дел на Бразил, соопштија властите....

Македонија19 часа

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број затвореници во регионот

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои...

Свет19 часа

Берлин: Постигнат договор да се почитува ембаргото за оружје во Либија

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат ембаргото за оружје...

Свет1 ден

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет1 ден

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Забава1 ден

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се...

Регион1 ден

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди денеска Албанија.Епицентарот на земјотресот е на 64 километри северо-источно од Тирана.         ...

Свет1 ден

Иранците ги враќаат телата на жртвите од паднатиот авион, но не и црните кутии

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран  се  пренесени од Иран во Киев, но...

Македонија2 дена

(Видео) Скопјанецот Кристијан Ниневски исто како лани прв дојде до крстот во водите на Вардар

Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите...

Досие