Црна хроника
Кривична за Скопјанец кој силувал девојка со посебни потреби
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ј. (34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „обљуба врз немоќно лице“.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
На 22.02.2017 година околу 10.00 часот, додека Ф.Д. (25) седела на клупа во паркот, дошол пријавениот кој насилно ја однел во неговиот стан каде извршил полови дејствија, наредниот ден, во утринските часови пријавениот, најпрвин и се заканил на оштетената да не кажува на никој, а потоа ја пуштил да си оди дома. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
