Црна хроника
Кривична пријава за директорот на Музејот на албанската азбука во Битола, ја злоупотребил службената положба

Денеска, СВР Битола, до битолското Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А. Н. (37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, казниво според Кривичниот законик.
Според надлежните, пријавениот, во својство на службено лице, директор на Националната установа – Музеј на албанската азбука во Битола, во периодот од 2015 до 2020 година во повеќе наврати постапил спротивно на Законот за јавните набавки и Законот за музеите и на повеќе физички лица им овозможил незаконски да стекнат имотна корист, а со тоа го оштетил буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 4.128.551 денар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Три лица каснати од кучиња скитници во Скопје

Три лица се каснати од кучиња скитници во Скопје.
На 29.5.2023, во 22.56 часот, во Полициската станица Ѓорче Петров, С. А. (18) од Скопје пријавил дека на улицата Лука Геров бил каснат од куче скитник.
На 29.5.2023, во 1.30 часот, во Полициската станица Драчево, В. Д. (57) од Скопје пријавила дека на улицата Иван Хаџи Николов била касната од куче скитник.
На 29.5.2023, во 16.15 часот, во Полициската станица Драчево, В. Ѓ. (63) од Скопје пријавил дека на улицата Антон Димитров бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Сообраќајна незгода меѓу автомобил и автобус, едно лице тешко повредено

На 29.5.2023, во 14 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во с. Маркова Сушица, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Д. Д. (23) од Скопје, и автобус „ман“, управуван од Е. Д. (25) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот од возилото М. К. (21) од Скопје, а телесни повреди добил возачот Д. Д., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Битолчанец тешко повреден, возејќи мотор, изгубил контрола и излетал од патот

На 29.5.2023, во 16.50 часот, во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улицата Партизанска и улицата Крушево во Битола, А. М. (71) од Битола, управувајќи мопед „априлија“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добил А. М., констатирани во Клиничката болница во Битола.
Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.