Црна хроника
Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад
Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ш. Ф. (61) од Скопје и против правно од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад, казниво по Кривичниот законик, информира полицијата.
Имено, првопријавениот, како сопственик и управител на правното лице, во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини во с. Љубош, неовластено тргувал со отпад, без да поседува дозвола за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, со што постои основано сомнение дека првопријавениот и второпријавениот го сториле кривичното дело што им се става на товар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Доживотен затвор за лице што на свиреп начин уби жена во Кочани
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна доживотен затвор.
Обвинетиот на 25.9.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена нанесувајќи и многубројни убоди со нож.
Во обвинението Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело уцена кон истата оштетена сторено пред убиството. Меѓутоа, тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.