Контакт

Црна хроника

Кривична пријава за кичевски дилер на кокаин и марихуана, кој го попречувал претресот во неговиот дом

Објавено пред

Кичевската полиција поднесе кривична пријава против 33-годишен кичевец за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, спречување службено лице во вршење службено дејство и спречување докажување.

Како што информираат од МВР, на 23 овој месец во Кичево од страна на полициски службеници при претрес во домот на пријавениот, тој давал пасивен отпор и со туркање ги попречувал полициските службеници во вршењето на службените дејства.

Пријавениот од работната маса во кујната зел две кеси со бела прашеста материја и ги фрлил во тоалетот, но бил спречен да пушти вода.

При претресот биле пронајдени и одземени одредена количина кокаин, марихуана и 188.100 денари, два мобилни телефона и СИМ-картичка. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор од 30 дена.

 

Топ

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес, полицијата поднесе пријави

Објавено пред

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство, ексградоначалникот на тогашниот претседател на Советот му овозможил да користи две службени возила за приватни цели, со што ѝ предизвикал финансиска штета на Општината.

Првиот обвинет, како градоначалник на општината, со искористување на својата службена положба и овластувањето за вториот обвинет прибавил имотна корист од поголема вредност. Спротивно на одредбите од Правилникот за користење и одржување на службените моторни возила и на наредбата за користење и одржување на службените моторни возила, тој со усно одобрение допуштил тогашниот претседател на Советот во периодот од 23.2.2014 година до 9.8.2016 година во повеќе наврати да користи две службени моторни возила за лични приватни потреби, без реверс за нивно користење и без притоа да достави пополнет евидентен лист за патувањето.

Вториот обвинет, пак, како претседател на општинскиот Совет, без поднесено писмено барање, возилата ги управувал самостојно и со искористување на својата службена положба и овластувањето за себе прибавил имотна корист од поголема вредност. Тој во повеќе наврати вршел и набавка на гориво за двете возила во количина од 2.880 литри и во вредност од 170.598,00 денари за кои била извршена исплата од сметката на оштетената Општина Велес по доставени фактури изготвени врз основа на испратници своерачно потпишани од обвинетиот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Во Скопје приведен агресивен Ирец кој вознемирил гости во ресторан на кејот

Објавено пред

Скопската полиција во попладневните часови на 18 јуни во Центар привела 31-годишен државјанин на Република Ирска.

Како што информираат од МВР, Ирецот во угостителски објект на „Кејот 13 Ноември“ го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и ги вознемирувал присутните гости.

Откако на местото дошла полициска екипа, тој почанал агресивно да се однесува кон полициските службеници.

По целосно докуменитрање на случајот, против Ирецот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Топ

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Објавено пред

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето по хотели во Тетово и наплаќале за услугите.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против нив под сомнение за кривично дело трговија со дете.

Жената дознала од ќерка си дека нејзината петнаесетгодишна другарка нема татко и живее само со болна мајка во тешки семејни и материјални услови. Таа го земала девојчето во својот дом и преку интернет комуникација договарала средби и сексуално го експлоатирала детето.

„Осомничената го терала девојчето лажно да се претставува како полнолетно и го испраќала или го носела со свое возило по хотели во Тетово, каде по претходен договор за одреден паричен надомест, им овозможила на други лица да користат сексуални услуги од детето“, соопштија од Обвинителството.

Второосомничениот, кој ѝ бил сосед на осомничената, иако знаел дека девојчето е малолетно и знаел за сексуалнатa злоупотреба, наместо да го пријави кривичното дело, истиот го искористил девојчето за остварување на парична заработка.

Тој го однел детето во хотел во Тетово и од клиент наплатил за сексуалните услуги.

Случајот во полиција го пријавило девојчето. На двајцата осомничени им е определен притвор од 30 денa

Прикажи повеќе...

Најново

Екологија31 минута

Арктичкиот вечен лед се топи 70 години порано од очекувањата на научниците

Пермафрост или трајно замрзнатото тло во канадскиот дел на Арктикот почнало да се топи 70 години порано од прогнозите на...

Македонија38 минути

Заев: Ниту една земја членка на ЕУ не е против отворањето преговори со Северна Македонија

Ниту една земја членка на Европската Унија не е против отворањето преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на...

Топ1 час

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес, полицијата поднесе пријави

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство,...

Свет1 час

Русија претстави доказ дека терористите се обидуваат да добијат биолошко оружје

Меѓународните терористи се обидуваат да добијат пристап до нуклеарно и биолошко оружје, а и до токсични хемикалии за да ги...

Свет4 часа

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Свет4 часа

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија17 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет17 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ19 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија20 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа21 час

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија24 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија24 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет1 ден

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион1 ден

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија1 ден

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт1 ден

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет1 ден

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет1 ден

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија1 ден

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Досие