Контакт

Црна хроника

Кривична пријава за малолетничката што го остави своето новороденче на улица

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против седумнаесетгодишната скопјанка која пред три дена го остави своето новороденче на улица.

Според информациите на МВР, против А.А (17) од Скопје е поднесена пријава за напуштање немоќно дете. Таа во вторникот околу 11 часот на булевар Македонско-косовска бригада го оставила на земја своето новородено машко бебе во близина на нејзината куќа.

Новороденчето било пронајдено од случаен минувач кој повикал Итна медицинска помош, по што бебето било префрлено на Клиниката за детски болести – Скопје, каде што било прегледано и било констатирано дека се наоѓа во добра здравствена состојба.

По наредба од Основно јавно обвинителство – Скопје, била извршена споредбена ДНК-анализа на А.А со новороденчето и било утврдено дека таа е мајка на бебето. За случајот бил известен и стручниот интервентен тим од Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје за нивно понатамошно постапување.

Црна хроника

Седум мигранти од Авганистан пронајдени во „ауди“ кај Градско

Објавено пред

Седум мигранти од Авганистан биле пронајдени во автомобил „ауди А8“ кај патарината кај Градско.

Според информациите на полицијата, ноќеска околу 1:30 на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на Демир Капија, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „ауди А8“ и „фолксваген фејтон“, но возилата не застанале.

Околу 2:15 часот, според пријавеното, пред патарината кај Градско, било оставено возилото „ауди А8“. При преглед во возилото биле пронајдени седум мигранти од Авганистан.

Мигрантите се однесени во Прифатниот центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Предложен притвор за скопски дилер на хероин

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопски дилер на дрога.

Како што информираат од Обвинителството, во периодот од јуни до септември, во повеќе наврати, осомничениот 41-годишен скопјанец кај себе и во својот дом на булеварот Гоце Делчев држел наркотична дрога хероин и марихуана.

Притоа, при неколку полициски претреси, кај него биле пронајдени и одземени приближно 13 грама хероин и помали количества марихуана, како и смеса од кофеин и „парацетамол“.

Тој е осомничен за продолжено извршување на кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд во Скопје доставил и предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведени четворица гостиварци кои вршеле недозволена сеча

Објавено пред

Полициски службеници во координација со претставници од ЈП „Национални шуми“ и на Шумската полиција, вчера во атарот на с. Горна Бањица, Гостиварско, ги затекнале А. И. (47), А. Ќ. (43), М. С. (47) и К. Б. (51) од селото, кои на трактор товарале огревни дрва за кои не поседувале документи.

Сите четири лица биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, а возилото и дрвата ѝ биле предадени на Шумската полиција.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

Протекоа 76 милиони податоци од министерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од сајтот „Буре без дно“, дошло до масивно протекување на полициски...

Свет22 минути

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокираше стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокираше стратешки мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет26 минути

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари, по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Метју Палмер Метју Палмер
Регион1 час

Палмер: Следната косовска влада треба да биде спремна да ги укине царините

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер изјави дека следната косовска влада мора да биде...

Македонија1 час

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Македонија2 часа

Здружението Е.Д.Е.Н. предлага субвенционирање фотоволтаици за борба против загадувањето

Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 година во земјава околу 3.000 смртни случаи годишно се...

Спорт15 часа

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија18 часа

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија18 часа

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија20 часа

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија22 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија22 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ23 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет1 ден

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет1 ден

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет1 ден

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет2 дена

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт2 дена

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион2 дена

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Досие