Црна хроника
Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Ванчо Стојанов (51) од село Едрениково, Струмичко, поради постоење сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувањето и против правното лице ДПТУ „Црвена ружа“ експорт-импорт ДОО Струмица од Струмица и В.М. (51), управител во фирмата поради употреба на исправа со невистинита содржина.
Стојанов, во својство на градоначалник на општина Василево, искористувајќи ја својата службена положба, постапил спротивно на Законот за постапувањето со бесправно изградените објекти на штета на буџетот на Општината. Според полицијата, тој извршил нелегална легализација, односно пренос на правото за легализација, на објект на Ветеринарна станица Струмица, изграден во 1959 година во село Василево, за кој Општината поднела барање за легализација без никаков правен основ и тоа право го пренесува на правното лице со цел стекнување одредена корист.
На тој начин ѝ овозможил на „Црвена ружа“ да стекне противправна имотна корист и во текот на 2015 година да изврши легализација на објект за кој поднел барање за легализација од 2011 година. Подоцна, В.М. како управител на правното лице, со договор за купопродажба го ѝ продал на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Oбвинение против сметководител – крадел пари од нотарка

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против сметководител сторило кривично дело – проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
По спроведување на истражната постапка, обвинителството утврдило дека обвинетиот водејќи сметководство на нотарска канцеларија во Скопје, во периодот од 28.04.2016 година до 28.11.2019 година, со намера за себе да присвои противправна имотна корист присвоил пари кои му биле доверени во службата во значителна вредност од 10.913.195 денари.
Обвинетиот неовластено пополнил и имитирајќи го потписот на оштетената нотарка потпишал 211 налози за пренос на парични средства. Средствата тој ги префрлал од оперативни сметки на нотарот од повеќе различни банки на банкарска сметка која нотарката ја имала во една банка, во која и сопругата на обвинетиот имала сметка. Потоа обвинетиот ги префрлил паричните средства од сметката на нотарката на банкарската сметка на неговата сопруга, од каде како овластен потписник ги подигнал во готово паричните средства.
Црна хроника
Обвинение заради дрога пронајдена при претрес во стан во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје, против 28 – годишен скопјанец поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При извршен претрес на 24 декември, во изнајмен стан на улица „Црвена Вода“, кај обвинетиот биле пронајдени 54,76 грама марихуана, 0,8 грама кокаин, хашиш смола со вкупен волумен од 14 милилитри во три шприца, како и психотропни супстанции – 10,8 грама амфетамин и 4,65 грама од 3,4-метилен диоксиметамфетамин (МДМА). Покрај дрогата која обвинетиот неовластено ја држел заради продажба, во станот била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.
Со цел обезбедување на присуство на обвинетиот за натамошниот тек на постапката, јавниот обвинител кој постапува во предметот до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице.
Црна хроника
Казнети 157 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, 16 за користење на мобилен телефон, четири за возење под дејство на алкохол. Изречени се 11 санкции за непочитување на брзината на движење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 41 мерка за непрописно паркирани возила и 31 прекршок направен од страна на пешаците.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот