Црна хроника
Кривична пријава за точење алкохол на малолетници во угостителски објект во Кочани

Одделението за внатрешни работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Кочани, Б. Д. (49) од Кочани – одговорно лице во правното лице и А. М. (24) од Кочани – вработен во правното лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело точење алкохолни пијалаци на малолетници по член 204 од Кривичниот законик.
Имено, на 13.2.2022 во 00.00 часот, при контрола во угостителскиот објект, биле затекнати пет малолетници, кои биле послужени со алкохолен пијалак од третопријавениот А. М..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден малолетник, кој паднал од тераса на трговски центар во Штип

Во СВР Штип вчера било пријавено дека околу 21.45 часот малолетник паднал од терасата на Градскиот трговски центар, при што добил тешки повреди.
Детето било пренесено во Клиничката болница во Штип.
Од МВР информираат дека за настанот е запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Автомобил удрил во 57-годишен скопјанец и побегнал од местото на несреќата

57-годишен скопјанец бил тешко повреден откако во него удрил автомобил кој побегнал од местото на несреќата, соопшти полицијата.
Имено, синоќа во 22:50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на улица Орце Николов, патничко моторно возило удрило во С.С. (57) од Скопје и го напуштило местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје.
Бил извршен увид, информираа од МВР.
Црна хроника
Малолетен пешак тешко повреден по удар од автомобил

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „3“ во с. Трубарево, Скопско, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.