Црна хроника
Кривична пријава за тројца битолчани за несовесно работење во службата и загадување на животната средина и природата
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Г.(54) од Битола, Б.Б.(70) од Битола, со живеалиште во Скопје и И.К.(61) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „загадување на животната средина и природата“.
Првопријавениот М.Г. – директор на ЈП „Стрежево“, во периодот од 2019 до 2021 година пропуштил должен надзор на движењето над браната на хидроакумулацијата Стрежево, на начин што не спречил да се движи тешка механизација како миксери за бетон, камиони со градежни материјали во заштитената зона на хидроакумулацијата, а со тоа на две лица им овозможил бесправно да изградат објекти.
Второпријавениот, раководител со стратешкиот објект „Брана“ Стрежево, во периодот од 2019-2021 година дозволил да се пропушти и движи тешка механизација во заштитената зона на хидроакумулацијата, а со тоа на две лица им овозможил бесправно да изградат објекти.
Третопријавениот, раководно лице на сектор за зафаќање, акумулирање, заштита и мониторинг на води, во периодот од 2019-2021 година дозволил да се пропушти и движи тешка механизација како миксери за бетон, камиони со градежени материјали во заштитената зона на хидроакумулацијата, а со тоа на две лица им овозможил бесправно да изградат објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбена градинка во Чаир
Ограбена е Детската градинка „11 Октомври“, на подрачјето на Чаир.
„На 18.01.2025 со употреба на сила било влезено во установата и биле одземени предмети“, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Израелци затекнати со дрога кај транспортниот центар во Скопје
Полицијата поднесе кривична пријава против Т.Н.(29) и T.A.(29), двајцата од Израел, поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
„На 23 август минатата година кај Транспортен центар во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин, хашиш, бела кристална материја и МДМА таблети“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Топ
Ученик од шесто одделение паднал од третиот кат од прозорец во прилепско училиште
Ученик во шесто одделение се здобил со повреди при пад преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Ученикот по приемот во болницата во Прилеп е хоспитализитан на Клиниката за детска хирургија во Скопје и неговата состојба е стабилна.
„На 20.01.2025 во 15.01 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 11 – годишник од Прилеп. Според пријавеното, малолетникот паднал од трет кат на основното училиште во кое учел во Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти полицијата.
Засега нема официјални информации како дошло до несреќата.
(Обновено)