Црна хроника
Кривична пријава против битолчанец за фалсификување пари

Против 23-годишен битолчанец е поднесена кривична пријава поради сомнение дека фалсификувал пари, информира полицијата.
Во текот на вчерашниот ден Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во рамките на БЈБ поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против З. Т. (23) од Битола поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело фалсификување пари, предвидено и казниво по член 268, во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Имено, кривично пријавениот во текот на 2021 година набавил лажни пари, и тоа вкупно 25 фалсификувани банкноти во апоени од 500 евра, а за кои знаел дека се фалсификувани, со намера да ги пушти во оптек како вистински. На 15.6.2021 З. Т. најпрвин пуштил во промет 5 фалсификувани банкноти од 500 евра во филијала на банка во Скопје, без да бидат забележани од страна на вработениот во банката дека се фалсификат, по што на 17.6.2021 повторно пуштил во промет 20 фалсификувани банкноти од 500 евра во истата банка.
Со ова пријавениот З. Т. пуштил во промет вкупно 12.500 фалсификувани евра, со што стекнал противправна имотна корист во вредност од 766.250 денари на штета на банката, со што ги извршил кривичните дела фалсификување пари, предвидено и казниво по член 268, во врска со член 45 продолжено кривично дело од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штипјанец ја истепал мајка му, а потоа и полицаецот кој дошол да го приведе

На 31.03.2023 во 23,40 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е лишен од слобода Е.А.(38) од Штип, затоа што околу 23.30 во семејниот дом во Штип, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата мајка, при што употребил остар предмет, а потоа агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Црна хроника
Истепан полицаец во Гази Баба

На 31.03.2023 во 22.10 часот на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници е лишен од слобода М.С.(23) од Скопје, затоа што околу 21.40 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Гази Баба агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Црна хроника
Скопјанец пронајден мртов во неговиот дом

На 31.03.2023 околу 12.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош, во својот дом бил пронајден починат Т.Д.(40) од Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.