Контакт

Црна хроника

Кривична пријава против поранешен директор на основно училиште во Вевчани

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против едно лице на возраст од 37 години од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

„Во 2015 година пријавениот, како директор на Основно училиште во Вевчани склучил договор со адвокатската канцеларија од Охрид за вршење адвокатски услуги во износ од 30.000 денари, кои од истите ги користел и во текот на 2016 година, без да склучи нов договор. Во текот на 2015 и 2016 година адвокатска канцеларија за извршените услуги, до Основното училиште доставила две фактури во вкупен износ од 141.644 денари, кои книговодствено биле прокнижени во текот на 2016 и 2017 година“, велат од МВР.

Од полицијата додаваат дека истите тие фактури не биле исплатени, за што адвокатската канцеларија повела и нотарска постапка.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Минибус со навивачи оштетен кај Битола: напад од група граѓани на патот Прилеп–Ресен

Објавено пред

На 17 април околу 23:15 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, кај крстосниците Ротино и Кукуречани, бил оштетен минибус.

Станува збор за минибус „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од селото Коњско, кој превезувал навивачка група од Охрид.

Според пријавата, додека се движел по патот, минибусот бил оштетен од група граѓани, при што настанале материјални штети.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кривична за уцена во Тетово: барал 20.000 евра и се заканувал со објавување видеа

Објавено пред

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.К. (54) поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Според пријавата, на 5 август 2025 година, осомничениот од странски телефонски број контактирал жена од Тетово и од неа побарал 20.000 евра, тврдејќи дека издржува затворска казна во Германија наводно поради нејзина вина.

Како што е наведено, тој испраќал пораки со закани и уцени до жената и нејзината мајка, тврдејќи дека поседува видео снимки кои ќе ги објави доколку не му бидат обезбедени парите.

Прикажи повеќе...

Топ

Судир на пет возила во Скопје: повеќе лица повредени, 19-годишник потешко

Објавено пред

Синоќа околу 21:20 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале пет патнички возила.

„Во несреќата учествувале патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано Л.Ј.(19) од с.Кондово, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(38) од с.Ласкарци, скопско, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.С.(25) од с.Крушопек, скопско, патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.З.(37) од с.Крушопек, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(28) од с.Глумово, скопско“, соопшти МВР.

Со тешки телесни повреди се здобил 19-годишен возач, додека со телесни повреди се здобиле двајца негови сопатници, шест лица од другото „бмв“ и возачот на „мерцедесот“.

Повредените биле пренесени во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минути

Трамп повторно ја критикува Шпанија: „Тажно за гледање“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно упати критики кон Шпанија, оценувајќи дека земјата е во лоша состојба. „Дали некој видел...

Црна хроника38 минути

Минибус со навивачи оштетен кај Битола: напад од група граѓани на патот Прилеп–Ресен

На 17 април околу 23:15 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, кај крстосниците Ротино и Кукуречани,...

Економија1 час

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4 мај

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука...

Македонија1 час

Работилница на ЗНАМ и ИФЕС: Спречување на насилство врз жените во политичкиот живот

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), организираше еднодневна работилница на тема...

Македонија1 час

Филипче-Санчез: Прогресивните сили мора да дејствуваат заеднички

Претсеседателот на СДСМ, Венко Филипче, во рамки на конференцијата во Барселона, организирана од Партија на европски социјалисти (ПЕС), имаше кратка...

Македонија2 часа

Балканската платформа за мир како форум за конкретни резултати, порача Муцунски во Анталија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на неговиот турски домаќин, Хакан Фидан, учествуваше на...

Црна хроника2 часа

Кривична за уцена во Тетово: барал 20.000 евра и се заканувал со објавување видеа

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.К. (54) поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Според пријавата, на 5 август...

Топ2 часа

Судир на пет возила во Скопје: повеќе лица повредени, 19-годишник потешко

Синоќа околу 21:20 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале пет патнички возила....

Македонија3 часа

Без камата за старите долгови: „Водовод“ со акција за отплата на рати од 20 април до 5 јуни

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите...