Црна хроника
Кривична пријава против прилепчанец, кој преку Фејсбук се заканувал на кандидат за градоначалник

Прилепчанец на Фејсбук упатил закани кон актуелниот кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески и неговото семејство.
Според информациите од МВР, Јовчески на 20.09.2021 во ОВР Прилеп Б.Ј. (51) од Прилеп пријавил дека на 19.09.2021, во периодот од 19.00 до 21 часот и на 20.09.2021, на социјалната мрежа „Фејсбук“ едно лице од свој профил преку три објави упатило закани кон пријавителот, како актуелен кандидат за градоначалник, и неговото семејство.
Веднаш се преземени мерки и случајот е расчистен, односно поднесена е кривична пријава против Р.Т. (27) до надлежното обвинителство во Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Детонација пред казино во Кисела Вода

Силен звук, како детонација одекнал 40 минути по полноќ пред казино на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода.
Нема повредени лица, а нема ниту оштетувања на казиното и на околните објекти.
Ова го соопшти МВР без да објави повеќе информации за инцидентот.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Maлолетничка натепана во автобус на ЈСП, нападнат и скопјанец кој се обидел да и’ помогне

Малолетно девојче било нападнато во автобус со бројот 57 вчера во Скопје.
Според информациите од полицијата, нападнат бил и 32-годишен скопјанец кој се обидел да ја одбрани малолетничката.
„На 07.02.2023 во 14.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот во автобус бр.57 на ЈСП на подрачјето на Бит Пазар, едно лице физички нападнало малолетничка од Скопје, а потоа физички го нападнало и Ќ.С.(32) од Скопје, кој сакал да ја одбрани малолетничката“, соопшти МВР.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Гостиварец потрошил над 2.000 евра од туѓа платежна картичка

Полицијата поднесе кривична пријава против Е.С.(34) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“.
„Во периодот од 30.12.2022 до 04.01.2023, пријавениот злоупотребил платежна картичка на едно лице и во неколку наврати од различни локации извршил плаќања во угостителски објекти и хотели во Гостивар, а воедно и подигнал парични средства од банкомати во градот во износ од 2.556 евра“, велат од МВР во дневниот билтен.