Контакт

Црна хроника

Кривична против двајца дилери на дрога

Објавено пред

 

Единица за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицата С.Т. (44) и Ѓ.Г. (30), двајцата  од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

На 11-ти овој месец, по претходно добиени сознанија и со наредба од Судија на претходна постапка, полициски службеници извршиле претрес во куќата на девојката на С.Т., каде пријавениот привремено престојува, при што биле пронајдени и одземени 223,79 грама исушена марихуана и семки од марихуана спакувани во три најлонски кеси, 8,43 мл масло од хашиш, како и две ваги со остатоци од марихуана. Пријавениот, кој е познат дилер на наркотични дроги, во текот на овој месец дрогата ја набавил од засега непознати лица, ја препакувал и почнал да ја продава на уживатели од Скопје.

Исто така на 20-ти овој месец, по претходно добиени сознанија и со наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот и другите простории на Ѓ.Г.,  при што се пронајдени 12 полиетиленски кесички за улична продажба, четири поголеми кесички, три тегли и една кутија од цигари во која имало наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 598,28 грама, три зипер кесички во кои имало растителни семки со вкупна нето маса од 2, 70 грама, како и дигитална вага на која се пронајдени остатоци од различни опојни дроги. Пријавениот Ѓ.Г.  во текот на овој месец, од засега непознато лице, ја набавил дрогата и ја препакувал во помали пакувања со намера улично да ја продава на уживатели од Скопје.

Од страна на Судија на претходна постапка на двете лица им е одредена мерка притвор. На С.Т. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека Ѓ.Г. доби притвор во траење од осум дена./крај/мф/кс

 

Најново

Свет7 часа

Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп...

Свет7 часа

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд...

Свет7 часа

Повеќе од 50 куќи уништени во пожар во Норвешка

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но...

Свет7 часа

(Видео) Канадските пожари ги зафатија Вашингтон, Чикаго, Детроит: постои загриженост пред финалето на Светското првенство

Околу двесте пожари надвор од контрола горат низ Канада, а чадот што се шири од овие пожари, исто така, зафати...

Свет8 часа

Девојче во Италија почина откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот

Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како...

Црна хроника8 часа

Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор,...

Свет8 часа

Eвропа крева штит: Мерц и Макрон ги здружија силите против Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се...

Македонија9 часа

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација...

Македонија9 часа

Левица по труењето во Гостивар: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за...