Контакт

Црна хроника

Кривична против сопственик на фирма кој не пријавил данок од 2 милиони денари

Објавено пред

Сопственик на приватната фирма „Силвер медиа центер“ од Скопје преку даночно затајување го оштетил државниот буџет за околу 2 милиони денари, соопшти финансиската полиција. Против сопственикот и управител на фирмата поднесена е кривична пријава.

„Лицето А.Ч., кој во својство на сопственик и управител на второпријавениот правен субјект ‘Силвер медиа центер’ ДОО Скопје, во текот на 2018 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и правниот субјект, по основ за искористени услуги web marketing и digital media services од странски правни субјекти, примил влезни девизни фактури и извршил плаќање парични средства во девизи кон банкарски сметки на странски правни субјекти во вкупен износ од 20.188.240 денари, при што спротивно на член 29-б од Законот за данок на добивка за 2018 година не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на задршка на приход исплатен на странски правни лица по даночна стапка од 10 отсто од 2.018.824 денари, за кој износ е општетен буџетот на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на финансиската полиција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Малолетник од Скопје нападнат на кејот на Вардар

Објавено пред

Петнаесетгодишно момче од Скопје синоќа било физички нападнато од страна на поголема група непознати лица, јави МВР.

Според пријавеното, додека тој и двајца негови другари шетале по кеј на реката Вардар, бил пресретнат и нападнат од лицата.

Полицијата вели дека презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Жена починала во куќа на пријатели, нејзиниот сопруг вели дека ѝ се слошило

Објавено пред

Педесет и петгодишна жена од селото Јанковац била пронајдена почината во куќа на пријатели од истото село.

Според изјавите на присутните во куќата, таа пред два дена вечерта со сопругот отишла на гости. Околу 22.30 часот на жената и е слошило, по што легнала и најверојатно во текот на ноќта починала.

„Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Деветнаесетгодишник нападнат пред дискотека во парк од обезбедувањето

Објавено пред

Утрово во полицијата 19-годишник со иницијали П.С. од Крива Паланка пријавил дека пред дискотека во градскиот парк бил физички нападнат од лице од обезбедувањето во дискотеката.

„Според пријавеното, во моментот кога П.С. и неговите другари излегле од дискотеката, непознато лице фрлило шише кон патничко возило „ауди“, до кое тие застанале. Исто така, според пријавеното, тогаш им се доближиле И.Ц., Б.И.(23) од Скопје и Ф.М.(25) од Скопје, обезбедување во дискотеката, и побарале од нив да ја платат штетата бидејќи сметале дека тие го фрлиле шишето. Според пријавеното, во еден момент И.Ц. физички го нападнал П.С. и од паричникот му одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 часа

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија9 часа

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија10 часа

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ12 часа

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија13 часа

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада22 часа

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа1 ден

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Европа1 ден

Курц најави предвремени избори во Австрија

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе...

Европа1 ден

Принцот Вилијам зборуваше отворено за смртта на мајка му и менталното здравје

Британскиот принц Вилијам, неодамна говорејќи за смртта на својата мајка, принцезата Дијана, ја опиша тагата што ја почувствувал како болка...

Македонија1 ден

(Видео) Стоилковски: Богоевски на свој трошок да направи тест за наркотици и да поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски итно сам да се повлече од пратеничката функција, а МВР и ОБвинителството сериозно да го истражат случајот,...

Македонија1 ден

Медиумите и социјалните мрежи со осуда за Павле Богоевски-сентимент анализа на „Макфакс“

Пратеникот Павле Богоевски и неговиот став за аферата со „пола кокаин или масло од канабис“ наиде на многу негативни оценки...

Топ1 ден

Се запали возило во дворот на МВР

Денес околу 10 часот во кругот на Министерството за внатрешни работи се запалило службено возило. Возилото е од марката „пинц...

Забава2 дена

Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма во евровизиското финале

Македонската претставничка, Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма по ред во финалето на годинешниот Евросонг, во Тел Авив, Израел. Тамара ќе...

Македонија2 дена

СДСМ: Усвоени законите за првосудството и за прекин на бременоста што ги кочеше Иванов

Собранието повторно ги усвои законите од правосудството и Законот за прекин на бременоста кои се во интерес на државата и...

Македонија2 дена

Џафери: Нема правен основ за наркотест на пратениците

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, попладнево соопшти дека во Уставот и Деловникот на парламентот нема правен основ според кој би...

Македонија2 дена

(Видео) Рауфи: Учесниците во Диво Насеље не се терористи туку борци за права

Адвокатот Насер Рауфи, бранител на дел од осудениците од Диво Насеље, по денешното излагање на јавната седница на Апелацискиот суд...

Естрада2 дена

Мадона пристигна во Израел со 30 тони опрема

Со товарен авион со 30 тони опрема, 70 скали и лифт за настапот, Мадона пристигна во израелскиот град Тел Авив,...

Македонија2 дена

Три месеци условна казна затвор за Тони Михајловски за заканата кон Тричковски

Актерот Тони Михајловски, против кого скопското обвинителство поднесе обвинение за закани кон новинарот Бранко Тричковски, на денешното рочиште призна вина...

Македонија2 дена

Адвокатка на обвинети во „Диво Насеље“: Обвинителството нема цврсти докази

На денешната јавна седница за настаните од Диво Насеље каде одбраната ги изведува жалбените наводи пред петчлениот судечки совет на...

Македонија2 дена

Независната пратеничка група бара лекари во понеделник да ги тестираат пратениците за дрога

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ најави дека денеска ќе поднесе иницијатива до Собранието сите пратеници доброволно да направат тест...

Досие