Црна хроника
Шумар вработен во „Лопушник“ дозволил нелегална сеча на дрва

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Љ.А.(46) од кичевското село Вранештица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Спроед информациите, тој во периодот јули-август 2019 година, во својство на овластен шумар вработен во ШС „Лопушник“, не извршил преглед во еден шумски пододдел со цел чување од бесправна сеча, со што, на повеќе лица им овозможил нелегална сеча на 183,35 метри просторни дабови дрва, а на правното лице ЈП „Македонски шуми“ му нанел материјална штета од 2.430.225 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж пронајден со убодна рана на улица во Скопје

Дваесет и деветгодишен маж бил пронајден вчера на на улицата„Втора македонска бригада“ во Скопје.
Мажот имал убодна рана, информираат од МВР.
Тој бил префрлен во Ургентен центар за укажување на лекарска помош.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пешак почина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево.
Од МВР информираат дека пешакот бил на 56-годишна возраст, со иницијали Т.Ј., со живеалиште во Штип.
Во него удрил автомобил, управуван од Д.Ј.(23) од селото Стар Караорман.
Во незгодата Т.Ј. починал, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Пукано во полицаец кој се обидел да спречи разбојништво во Скопје

Два лица пукале кон полициски службеник кој се обидел да ги спречи при разбојништво во Топанско поле.
„Во СВР Скопје е пријавено дека во 17 часот на улицата Методија Митевски пред продажен објект, полицискиот службеник кој во моментот не бил на работа, се обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело во објектот. Кон него бил испукан проектил од огнено оружје. Полицаецот се здобил со повреда во раката и бил префрлен во здравствена установа за укажување на лекарска помош”, информира МВР.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци