Црна хроника
Кривични за двајца тетовци што тргувале со марихуана и кокаин

Тетовската полиција поднела кривична пријава против тетовците Н.Б. (55) и Ф.Н. (52) поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Како што информираат од МВР, на 10 мај минатата година на локалниот пат село Шемшово-село Жилче од страна на полициски службеници бил извршен преглед на автомобилите што ги управувале двајцата тетовци.
Во возилото на првопријавениот била пронајдена и одземена кеса со марихуана, а при претрес во домот на второпријавениот биле пронајдени и одземени 42,7 грама метамфетамин и две пакувања кокаин. Претрес бил извршен и во домот на Н.Б. каде што биле пронаједни и одземени 977,6 грама марихуана. Oд страна на судија на претходна постапка на Н.Б. му била изречена мерка притвор од триесет дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Приведен криумчар на мигранти, ги сокрил во бункер меѓу кабината и товарниот дел

Денеска (02.10.2023) околу 19 часот на регионалниот пат Стојаково-Богданци, полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода М.С. (63) од Скопје, кој во товарно моторно возило „ман“ со скопски регистерски таблички превезувал 11 мигранти од Сирија.
Откако возилото било запрено, од страна на полициските службеници бил воочен бункер меѓу кабината и товарниот дел, каде по детален преглед биле пронајдени мигрантите. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
(фото) Претрес во Волково, запленета дрога, приведен дилер

На 05.09.2023 полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом кај И.К. (31) во Волково, скопско.
При претресот пронајдени се марихуана, дигитална вага и еден куршум. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
Црна хроника
Приведени шест албански државјани во Тетовско

На 30.09.2023 во периодот од 10.00 до 13.30 часот на подрачјето на с.Гајре, тетовско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово при Регионалниот центар за гранични работи Север ги привеле З.К.(44), Л.Н.(53), С.M.(43), Џ.Х.(57), М.Х.(33) и С.О.(59), сите од Република Албанија.
По извршените проверки било констатирано дека лицата непријавено престојувале на подрачјето или престојувале спротивно на наведената цел за престој. Против лицата се поднесени барања за поведување постапка, а Основниот суд Тетово им изрече соодветни санкции, а од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово донесени се решенија да ја напуштат територијата на државата со законски определена забрана за влез.