Црна хроника
Кривични пријави за четворица што краделе во Штип

Синоќа, по преземените мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип расчистија пет кривични дела извршени на подрачјето на град Штип, и тоа: кривично дело одземање моторно возило за кое се осомничени С. Р. (21) и малолетник, двајцата од Штип, три кривични дела тешка кражба од кафемати за кои е осомничен Д. Г. (38) од с. Василево, Струмичко, и кривично дело тешка кражба од куќа за кое е осомничен Џ. И. (35) од Штип.
Повеќето од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани, а со првите тројца осомничени бил извршен разговор во полициска станица, при што ги признале делата. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец фатен како превезува мигранти – не застанал на полициски знак и удрил во друго возило

Приведен 26-годишен скопјанец, кој е фатен како превезува мигранти од Сирија и Авганистан.
Според информациите од МВР, И. Б. бил фатен на автопат А1 во правец Смоквица – Демир Капија, при што во патничко моторно возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, превезувал шест лица – мигранти од Сирија и Авганистан.
И. Б. при обид да биде сопрен од полициски службеници не застанал и на местото наречено Црвени Брегови со возилото удрил во патничко моторно возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. К. од Гостивар.
Известен е јавен обвинител. И. Б. е задржан во Полициската станица Неготино и по насока на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 418-б, ст. 2 од Кривичниот законик.
Црна хроника
169 санкционирани возачи во Скопје, 39 возачи на мотоцикли

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.5.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 20 мерки за возење под дејство на алкохол, 39 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, 13 санкции за возење без возачка дозвола, осум мерки за возач почетник, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за некористење сигурносен појас.
Засилените акциски контроли продолжуваат.
Црна хроника
Скопјанец со автомобил возел по пешачка патека во Градскиот парк

По претходно добиени информации дека денеска околу 12.30 часот автомобил „опел корса“ се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, полицијата презела мерки за пронаоѓање на несовесниот возач.
Како што информираат од МВР, лицето е веќе пронајдено, односно утврдено е дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје.
Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции.