Црна хроника
Кривични пријави против гостиварци што фалсификувале документи за измама при купување возило
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против четириесет и четиригодишен гостиварец Г.М. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина, против И.Р. (61) од с. Бериково, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело помагање во врска со употреба на исправа со невистинита содржина и измама при добивање кредит или друга погодност, против С.И. (63) од с. Форино, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела фалсификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина и перење пари и други приноси од казниво дело и содржина, и против А.С. (55) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.
Во периодот од јули до октомври 2016 година, првопријавениот, вработен во МВР во Полициската станица Гостивар, изготвил лажен договор за купопродажба на патничко возило „јагуар“ помеѓу правно лице од Швајцарија како продавач и второпријавениот како купувач. Потоа, првопријавениот, во име на второпријавениот, ваквиот договор, заедно со потврдата за престој во странство од второпријавениот, ги приложил во Бирото за метрологија при Министерството за економија – Скопје.
Третопријавениот, и покрај тоа што знаел дека купопродажниот договор и сообраќајната дозвола се лажни, ги употребил во постапка за добивање согласност за регистрација во отсекот за управни работи во Гостивар.
Четвртопријавениот како овластен судски преведувач при преводот на странската сообраќајна дозвола од наведеното возило внел друг лажен датум на одјава на возилото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.