Контакт

Црна хроника

Кумановец доби кривична пријава поради обид за убиство

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против 43-годишен кумановец поради сомнение за сторено кривично дело „обид за убиство”.

Како што информираат од МВР, на 2 септември годинава кумановецот во домот на 40-годишниот Н.Д. на ул.„Доне Божинов“ на домаќинот со остар предмет му нанел две убодни рани во пределот на градите, додека, пак, М.С.(47) го удрил со чаша по главата.

Прободениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во општата болница во Куманово, од каде, по укажаната помош, бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Момче повредено од огнено оружје, пукале во него додека возел автомобил

Објавено пред

Од

Ноќеска во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ во Скопје било донесено 22-годишно момче од с.Љуботен-скопско со повредa од огнено оружје.

„Ј.Б. додека со возило „Мерцедес“ се движел по улицата “Алија Авдовиќ“ од страна на непознати лица било пукано кон возилото, при што истиот се здобил со прострелна рана во пределот на градниот кош“ соопшти МВР.

Повредениот со друго возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Казни за 198 возачи – возеле пребрзо

Објавено пред

Од

Во текот на изминатите денови на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 36 сообраќајни незгоди, од кои две со тешки телесни повреди, 17 со телесни повреди и 17 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица добиле тешки телесни повреди и 28 лесни телесни повреди. Потоа, 198 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 171 возач бидејќи 111 го управувале возилото под дејство на алкохол, 44 управувале возило пред да стекнат право на управување моторно возило и 16 биле возачи почетници.

Во однос на возилата, 35 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 32 биле нерегистрирани, две технички неисправни и едно поради претовар. Исто така, санкционирани се и 12 возачи што поминале на црвено светло, четворица не дале првенство на минување пешаци, тројца неправилно престигнувале, еден возач не дал првенство на минување возила и двајца не користеле заштитен шлем. Во текот на изминатите денови издадени се 112 мандатни платни налози, а 77 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Прикажи повеќе...

Топ

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

Објавено пред

Од

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека на место викано “Подводенци“ – Прилеп, во водите на локалната река пронајден бил починат О.Н. (67) од Прилеп.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Масовно труење во Виница, за една недела затруени 170 лица

Дури 120 лица вчера во текот на ноќта побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница откако почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија1 час

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет2 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија3 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ3 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести4 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа4 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет4 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија21 час

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура23 часа

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија23 часа

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија24 часа

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија24 часа

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија1 ден

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија1 ден

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ1 ден

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Свет1 ден

Кина ги откажа трговските преговори со САД

Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД и наредната недела нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон....

Европа1 ден

Протести во Полска: ,Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест...

Македонија1 ден

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Забава1 ден

СЗО: Поради консумација на алкохол годишно умираат три милиони луѓе

Алкохолот годишно убива околу три милиони луѓе низ целиот свет, односно прекумерната консумација на алкохол убива повеќе луѓе отколку сидата,...

Досие