Црна хроника
Кумановец се заканувал на полицаец дека ќе го убие него, началникот, судија и нивните деца
Нервозен кумановец се заканувал на полицаец дека ако не му даде 4.000 евра, ќе го убие него, неговиот началниј, еден судија и нивните деца.
Полицијата му поднесе кривична пријава против Д.С. (33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурност”.
Пријавениот во петокот околу 10.45 часот, додека се движел со автомобил „БМВ“, на крстосницата на ул. „Никола Вапцаров“ и ул. „11-ти Ноември“ го забележал оштетениот В.М., инаку полициски службеник, со неговото возило, при што пријавениот со голема брзина го поминал оштетениот, му го пресекол патот и се приближил до неговото возило.
Тој ја отворил совозачката врата од возилото и му се заканил дека ќе ги убие него, неговиот началник и еден судија, како и нивните деца, доколку не му дадат 4.000 евра./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инспектор од Македонска Каменица запалил службени документи и предизвикал пожар во полициска станица
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

