Црна хроника
Куче повторно нападна мало дете
Четиригодишно дете од Неготино било каснато од куче во петок наутро.
Детето утрово излегло во дворот на својата куќа и посакало да си поигра со кучето на своите соседи, но кучето го нападнало и го искасало по целото тело. Од острите заби на животното го спасил неговиот дедо, кој потоа го однел уплашеното и раскрвавено дете во здравствениот дом во Неготино, од каде по санирањето на повредите, го препратиле во болницата во Кавадарци, каде што е задржано на лекување.
Ова е четврт напад на кучиња во една недела. Трагичен настан се случи минатиот петок во кичевско Бачиште, каде четиригодишно дете беше искасано од овчарски кучиња и подоцна почина во болница. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
