Црна хроника
Кучиња скитници искасаа граѓани во Скопје
Вчера во 11.10 часот во Полициската станица Гази Баба, З.С.(61) од Скопје пријавил дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Истиот ден во 14.00 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Х.(36) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.
Во Полициската станица Кисела Вода, на 04.09.2024 во 14.50 часот А.С.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во Кочани три лица оштетиле возило и нападнале жена
Вчера во Полициската станица Кочани, Б.С. од Кочани пријавил дека околу 18.10 часот, Б.Ѓ., М.Н. и уште едно лице, дошле пред неговата куќа и фрлале тврди предмети, при што го оштетиле неговото возило, а Б.Ѓ. влегол во дворот и ја нападнал неговата мајка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Масовна тепачка во Скопје, приведени три лица
Вчера околу 22.00 часот во Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле С.А.(39), Е.А.(51) и Т.А.(29), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со уште неколку лица физички го нападнале Д.И.(30) од Скопје.
Според пријавеното, пред Полициското одделение Шуто Оризари, тие физички го нападнале и А.К.(30) од Скопје, кој го однел Д.И. да даде изјава во врска со претходниот физички напад. Исто така, според пријавеното, откако Д.И. слушнал врева излегол од станицата и со тврди предмети ги оштетил прозорите од куќата на С.А.(39), каде претходно се собрале поголема група граѓани.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Одделечено лице со здравствени проблеми од домот во Гази Баба
На 16.09.2024 во Полициската станица Гази Баба, Н.С.(46) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка М.С.(20), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.