Контакт

Црна хроника

Лажно се претставувал како теренски работник на ПИОМ и со измама земал пари од пензионери

Објавено пред

Гевгелиската полиција на 15  јануари уапсила 51-годишен жител на овој град кој извршил кривични дела измама, лажно претставувајќи се како теренски работник во ПИОМ Скопје.

Како што информираат од МВР, изминатиов период тој довел во заблуда поголем број граѓани, барајќи од нив да уплатат од 1.700 до 4.000 денари, а со цел да подигнат парични средства од сметката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во висина од 170.000 до 450.000 денари по разни основи.

Од страна на полициски службеници, при извршен претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени телефонски апарати, сим-картички, документи и поголем број мобилни телефонски броеви и лични податоци од оштетени лица.

За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Ограбена обложувалница во Кавадарци

Објавено пред

Две лица ноќеска влегле во спортска обложувалница на улицата Страшо Пинџур во Кавадарци и со закана од вработената одзеле пари и побегнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Силувано малолетно девојче во Скопје

Објавено пред

Жена од Скопје пријавила дека на крајот на месец јануари над нејзината малолетна ќерка била извршена обљуба од нејзин познаник на возраст од околу 21 година. Се работи на расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Автомобил удри во 10-годишно дете во Куманово

Објавено пред

Десетгодишно дете со тешки повреди било пренесено во болница кога во него удрил автомобил во Куманово.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 17.25 часот на улицата Доне Божинов кога „фолксваген шаран“, со австриски национални ознаки, управуван од Ѓ. А. (47) од Куманово, удрил во 10-годишен пешак од Куманово.

Детето со тешки повреди било пренесено во Општата болница Куманово за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Куманово.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

Србинка почина од свински грип во Бахреин

Дваесет и шестгодишна државјанка на Србија починала од свински грип ( H1N1), по тринеделно лекување во болница во Бахреин. Амбасадата...

Свет10 часа

Деветиот најбогат човек на светот се вклучува во трката за претседател на САД

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг утре ќе учествува во неговата прва телевизиска дебата во кампањата за претседател, соопшти неговиот тим. Директорот...

Македонија13 часа

Ѓонул Бајрактар ќе ја замени Рашела Мизрахи

Ѓонул Бајрактар, кој пред формирањето на техничката Влада беше заменик-министер за труд и социјална политика, ги презема овластувањата и одговорностите во...

Македонија15 часа

Брисел го потврди ставот дека преговори со Северна Македонија и Албанија треба да има пред самитот во Загреб

Европската комисија (ЕК) го повтори ставот дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат што е можно...

Македонија15 часа

(Видео) Поради недостиг на обрасци, можно е МВР да забрани поднесување барања за пасоши

Во Министерството за внатрешни работи размислуваат да забранат поднесување барања за пасоши поради недостигот од обрасци за кој техничкиот министер...

Регион15 часа

Милановиќ даде заклетва – ќе ја обединува Хрватска и ќе гради добри односи со соседите

Зоран Милановиќ денеска напладне и официјално стана новиот, петти по ред, претседател на Хрватска по давањето на свечената заклетва и...

Свет16 часа

Објавен таен документ на холандските разузнавачи за падот на малезискиот авион во Украина

Во јавноста е објавен таен документ од холандската разузнавачка служба за истрагата на падот на малезискиот авион на летот „МХ17“,...

Македонија16 часа

(Видео) Чулев: Спасовски набавил полициски чизми што не ги задоволувале критериумите за квалитет

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одобрил набавка на 3.000 чифта полициски чизми што не исполнувале четири од предвидените...

Македонија17 часа

Мицкоски пак го кани Заев на ТВ-дуел за да ги соочат аргументите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел за да ги соочат...

Македонија18 часа

(Видео) Судот ја исклучи јавноста од судењето за „Рекет“, Јовановски и Јанева беа против

Обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева се побунија на барањето од обвинителката Вилма Русковска јавноста да не ги слуша снимките...

Регион18 часа

Вучиќ најави дека парламентарните избори ќе ги распише на почетокот на март

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, најави дека ќе ги распише парламентарните избори во Србија на почетокот на март. „На почетокот на...

Свет20 часа

Три жртви во невремето во Велика Британија

Бројот на загинатите во невремето Денис, кое ја зафати Велика Британија, се искачи на три лица кога е пронајдено телото...

Регион20 часа

Рама: Помошта од донаторите ги надмина сите очекувања

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека сумата собрана на донаторската конференција во Брисел за обнова на неговата земја по разорниот...

Економија20 часа

Поскапеа цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет21 час

Бројот на смртни случаи од коронавирус порасна на 1.868 лица, почина и директорот на болницата во Вухан

Бројката на смртни случаи од коронавирус во континентална Кина порасна на 1.868 лица, што е 98 повеќе во однос на...

Македонија1 ден

Николоски: Бараме да се прикажат целосните снимки каде што Јанева се среќава со Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николоски, вечерва одржа вонредна прес-конференција во врска со објавените ПИ-мерки за случајот „Рекет“, за кој тој вели...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не ви можат ништо

„Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски – Лајен: Напредoкот на Северна Македонија е импресивен и ги исполни високите очекувања

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската...

Македонија2 дена

Јанева пред апсењето одела во СЈО, салони за убавина и адвокатски канцеларии

Во кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО...

Топ2 дена

Пронајдено безживотно машко тело на Шар Планина

Планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското с. Вејце,...

Досие