Црна хроника
Ловџија по грешка застрелал и убил човек во Горна Матка

Шеесет и четиригодишен ловџија синоќа по грешка застрелал и убил човек додека бил на лов во с. Горна Матка.
Тој го пријавил делото во Полициската станица Сарај со објаснување дека мислел оти е дива свиња. Полицијата го уапсила Р. К.
Во 21.40 часот на полициски службеници им ги покажал местото и телото на починатото лице. Од екипа на Итната медицинска помош била констатирана смрт и било утврдено дека починатиот е С. Ј. (46) од с. Матка, Скопско. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Гостиварец изнајмил автомобил на 19 дена, па одлучил да не го враќа

Полицијата поднесе кривична пријава против маж од Гостиварско кој изнајмил автомобил во времетраење од 19 дена, а по истекот на рокот не го вратил возилото.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Ј.Р. од село Врапчиште поради постоење основи на сомнение за кривично дело „затајување“. На 12.07.2022, пријавениот од правно лице од Виница изнајмил патничко возило „фолксваген“ во времетраење од 19 дена, а по истекот на договорениот рок не го вратил патничкото возило, со што му нанел штета на правното лице во износ од 361.500 денари“, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Приведен малолетник, кој се заканувал на скопско средно училиште, полицијата открила како се праќани пораките

Денеска, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15-годишник од Скопје за сторено кривично дело тероризам предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичниот законик.
Пријавениот малолетник на 24.2.2023, користејќи го својот мобилен телефон, креирал електронска адреса и истиот ден, користејќи го својот лаптоп од својот дом, испратил порака со заканувачка содржина на службената електронска адреса на едно средно училиште во Скопје за која, по извршените проверки, било утврдено дека е лажна. Притоа, со цел да ги прикрие своите активности при испраќање на поракaта, малолетникот користел VPN-апликација.
По преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, утврдена е користената ИП-адреса, чиј сопственик е таткото на малолетникот, а врз основа издадена наредба за претрес на домот од Основниот кривичен суд Скопје извршен е претрес во домот на родителот на малолетникот, од каде што привремено се одземени мобилен телефон, СИМ-картичка и лаптоп, што ги користело малолетното лице.
Од извршеното вештачење утврдено е дека истата електронска адреса е користена за да се испраќаат пораки со заканувачка содржина до неколку училишта на територијата на град Скопје од мобилен телефон и од лаптоп во повеќе наврати.
На 3.3.2023, во присуство на негов родител, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, во полициска станица е извршен службен разговор со малолетникот, во текот на кој тој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.
Црна хроника
25-годишна девојка починала, а уште едно малолетно лице е потешко повредено кога „мерцедес“ излетал од патот

На регионалниот пат Битола – Кичево, кај местото наречено Белимост, во текот на вчерашниот ден патничко моторно возило „мерцедес“, со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Б. Г. (33) од с. Белче, Демирхисарско, излетало од патот.
Во несреќата од добиените повреди на местото починала сопатничката Ј. Г. (25) од с. Белче, Демирхисарско, додека малолетен сопатник добил тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола.
Увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.