Црна хроника
Лулашка паднала врз две девојчиња во кафуле, со повреди се пренесени во болница

Две девојчиња вчера добиле повреди кога врз нив паднала лулашка.
Според информациите од полицијата, настанот се случил во угостителски објект во Струмичко.
Тие биле пренесени во струмичката болница, каде што им била укажана лекарска помош. Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопска Зоолошка градина: Вработениот е пуштен на домашно лекување, закрепнува одлично

Работникот кој вчера се повреди во Зоолошката градина во Скопје е во стабилна здравствена состојба и е пуштен на домашно лекување. Тој закрепунува и е во добра состојба.
„Нашиот вработен, веднаш по укажаната комплетна лекарска помош, е стабилизиран и пуштен уште истиот ден на домашно лекување. Во постојаниот контакт со него, но и од разговор со лекарите, тој се чувствува добро и закрепнува одлично. Случајот, од наша страна веднаш е пријавен во трудов инспекторат“, изјавија надлежните во Зоолошката градина за „Макфакс“.
Според билтенот на Министерството за внатрешни работи, вчера околу 11:20 часот, во надлежната полициска станица, по службена должност е пријавено дека лицето В.Г. (46) од Скопје е донесен во Клиничкиот центар со повреди при пад на работно место.
Црна хроника
Ограбена обложувалница во Аеродром

Вчера вечер во 22.46 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница во близина на трговски центар на подрачјето на Аеродром две лица од вработената одзеле пари, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Струмичанка на забава со употреба на сила овозможила двајца да силуваат малолетничка

На 31.03.2023 полициски службеници од СВР Струмица ја лишиле од слобода С.П.(21) од струмичко, информираат од министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, таа се сомничи дека на забава во јануари 2023, со употреба на сила врз малолетничка овозможила да биде извршена обљуба од страна на двајца малолетници од струмичко.
За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со соодветен поднесок трите лица се денеска изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.