Црна хроника
Маж паднал додека работел на кровот на својата куќа, со тешки повреди е пренесен на Клиника
Вчера во Полициската станица Македонска Каменица било пријавено дека околу 19.45 часот, 72-годишниот К.Д., додека работел на кровот од сопствената куќа, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, извести МВР.
Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицаец тешко повреден на Водно, паднал од мотор обидувајќи се да избегне лисица која му го пресекла патот
Вчера на локален пат на Водно полицискиот службеник М.Т. (32) од село Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „Хонда“ во сопственост на МВР, изгубил контрола над возилото и паднал.
Според пријавеното, до несреќата дошло откако тој се обидел да избегне лисица која излегла на патот.
Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По настанот, увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Жена тешко повредена по пад во шахта на Партизанска
Четириесет и седумгодишната С.Д. од Скопје била донесена на комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки повреди, соопшти МВР.
Според пријавеното, таа се здобила со повредите по пад во шахта на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
По настанот бил извршен увид.
Топ
Управителот во Штип со години ги допирал своите ученички на возраст од 10 до 13 години – Обвинителството со детали
На возраст од 10 до 13 години биле девојчињата за кои постои сомнеж дека ги допирал по телото управителот на образовниот центар во Штип.
Обвинителството информира дека 65-годишниот управител е под истрага, а се работи за дело извршено во период од три години.
„Од септември 2023 година до 11.05.2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на возраст од 13, 11 и 10 години им држел дополнителни часови во образовен центар и им се приближувал и ги допирал по телото“, велат од Обвинителството.
Како што вчера објави „Макфакс“ на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
