Контакт

Црна хроника

Маж почина во сообраќајка кај Радовиш

Објавено пред

Триесет и тригодишен маж од радовишко починал во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на патот Струмица-Радовиш.

Тој удрил во патничко возило со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(40) од Радовиш, по што излетал надвор од коловозот и загинал на местото на настанот.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, јави МВР.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Oбвинение за лицето што шверцуваше кокаин во пакети со банани

Објавено пред

Скопското Обвинителство поведе обвинение против едно лице во врска со случајот со кокаинот што беше откриен во пакети со банани.

Тој се товари дека на 19 февруари во селото Крушопек, општина Сарај, неовластено, заради продажба, држел кокаин со тежина од 1.001 грам.

Дрогата беше откриена при извршен претрес на товарно моторно возило во пакетите со банани што биле превезувани за правното лице – сопственост на обвинетиот. Кокаинот бил спакуван во едно пакување во правоаголна форма, со две полиетиленски безбојни обвивки, на кои имало ознаки и втиснато лого – глава на јарец.​

Станува збор за претходно оформен кривичен предмет во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за нелегална меѓународна трговија со наркотична дрога кокаин, каде што постапката се водеше против две лица за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Кога кривичната постапка беше запрена против едниот осомничен, списите од овој предмет за вториот осомничен беа доставени на понатамошно надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Притвор за скопјанец што криел пиштол во својот автомобил

Објавено пред

Обвинителството во Велес до Основниот суд поднесе обвинителен акт против лице од Скопје на возраст од 27 години за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„Нa 19 мај, во сопствениот патнички автомобил ‘фолксваген голф 5’, обвинетиот држел огнено оружје – пиштол ‘берета’ во калибар 7,65 мм за кој немал дозвола за поседување. Пиштолот го сместил под воланот, во механизмот за местење на висината на воланот. Оружјето било откриено на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес – Скопје, при преглед на возилото“, велат од Обвинителството.

Истовремено, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице бидејќи постои опасност од бегство и околности што укажуваат на опасноста дека повторно ќе го изврши истото кривично дело.​

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повреден тракторист по пад во дол во Струмичко

Објавено пред

Жител на селото Бориево, возејќи трактор, се излизгал од патот и паднал во дол. Несреќата се случила вчера по шумски пат наречен Безгаштовски Пат, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден.

С. В. (31) добил тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица. На местото на незгодата излегле полициски службеници од СВР Струмица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на...

Свет1 час

Падна либанската влада

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан. „Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан. Либанската влада падна...

Свет1 час

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според...

Свет3 часа

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата...

Македонија3 часа

МВР: Актите за двојазичните унифoрми треба да се достават до Владата

Министерството за внатрешни работи се повикува на Законот за употребата на јазиците откако денеска министерот Агим Нухиу потпиша правни акти...

Македонија5 часа

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјата...

Македонија5 часа

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

Утре ќе продолжи состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се...

Македонија7 часа

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите, со кои полициските униформи ќе добијат...

Свет8 часа

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските...

Македонија8 часа

Министерот Адеми се излекува од коронавирусот

Министерот за образование, Арбер Адеми, соопшти дека се излекувал од Ковид-19. „Конечно заврши предизвикот со Ковид-19! По две негативни последователни...

Свет9 часа

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Здравствените власти што се борат со пандемијата на коронавирусот се соочени со нов проблем – однесувањето на младите, кои ги...

Регион10 часа

Пет лица загинаа во поплавите на грчкиот остров Евија, меѓу нив и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија...

Македонија10 часа

Само во Пехчево нема ниту еден заразен од коронавирус

Пехчево е единствениот град во Македонија, во кој во моментот нема ниту еден активен случај со коронавирус. Во Пехчево, досега...

Свет21 час

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија21 час

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија22 часа

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Регион1 ден

Синот на убиената новинарка на Малта: Мајка ми го истражуваше и Ѓукановиќ

Синот на Дафне Каруанa Галиција рекол дека неговата мајка ја истражувала и врската на Мило Ѓукановиќ во случајот „Можура“. Синот...

Македонија1 ден

Четворица починати и 85 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството...

Свет1 ден

(Видео) На Трамп не му се допадна прашање од новинар и ја напушти прес-конференцијата

Американскиот претеседател, Доналд Трамп, ја напуштил вчерашната прес-конеференција откако новинарка го прашала за неговата изјава за здравствената заштита за ветераните,...

Регион1 ден

Силно невреме во Грција – тројца загинати, меѓу кои и бебе

Најмалку тројца луѓе, меѓу кои и бебе се најдени мртви во невремето кое го зафати грчкиот остров Евија во централна...

Досие