Црна хроника
Маж пронајден мртов на пат во селото Велгошти

Во СВР Охрид вчера во утринските часови било пријавено дека е пронајдено починато лице на локален пат во охридското село Велгошти.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а од увидот извршен од полициски екипи, констатирано било дека се работи за М.В. (62) од Велгошти.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен е инспектор од УЈП, примил мито

На 06.07.2022 по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, лишен е од слобода Ј.К.(63) од Скопје, вработен како инспектор во Управата за јавни приходи.
Тој во својство на службено лице, во текот на месец мај и почетокот на месец јуни, постапувајќи по налог за контрола на ДДВ, од сопственик на правно лице од Скопје, побарал парична награда-поткуп во износ од 700 евра за да преземе службено дејствие што не би смеело да го преземе, односно да изготви Записник со помал наод, кој по негово кажување требало да изнесува 600.000 денари.
Ј.К., по претходен телефонски разговор и договор за средба, во текот на денешниот ден во Скопје ги побара и прими паричните средства во побараниот износ, по што од страна на полициски службеници е приведен.
По претходна наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес кај лицето, при што се пронајдени паричните средства кои беа дадени од страна на правното лице.
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Се удави 66-годишен маж во Охридското Езеро

Во водите на Охридското Езеро е пронајдено тело на маж.
Според информациите, телото било пронајдено вчера на плажа во близина на автокамп кај Струга.
На местото на настанот увид извршија Јавен обвинител, полициски и медицински екипи, при што констатирано било дека се работи за В.Ц. (66) од Струга, врз чие тело не се забележани видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.
Црна хроника
60-годишник загинал на патот Ресен – Охрид, излетал со возилото

На 5.7.2022 во СВР Охрид било пријавено дека периодот од 9:00 до 13:50 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, помеѓу место викано Прентов мост и место викано Тунели, патничко моторно возило „фолксваген туарег“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(60) од Охрид, излетало од коловозот.
На местото на несреќата починал возачот Д.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.