Топ
Маж со чекан во главата удрил сосед во Илинден – човекот е тешко повреден, се бара притвор за насилникот

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец за тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.
На 24 септември, во скопската населба Илинден, осомничениот со умисла тешко телесно повредил сосед при расправија поради претходно нерасчистени меѓусебни односи.
Тој со метален чекан го удрил оштетениот 49-годишник во главата, нанесувајќи му повреди – фрактури со кои му бил доведен во опасност животот.
Јавниот обвинител му предложи на судот да определи мерки на претпазливост за осомниченото лице – забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување кај службено лице во судот и забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нов силен земјотрес на Филипините, повторно издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, а веднаш беше издадено предупредување за цунами.
Исклучително моќниот земјотрес се случи по околу 12 часа по земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Филипините, што исто така предизвика предупредување за цунами.
Од вчера земјата е погодена од серија силни земјотреси, од кои голем дел беа над пет степени според Рихтеровата скала.
„Ова не престанува, од вчера се тресеме. Ниту еден час да не се тресе“, сведочат граѓаните по последниот земјотрес.
Други посочуваат дека земјотресот бил силен, но не толку долг и силен како вчерашниот земјотрес кој бил речиси со иста јачина.
Овој земјотрес е регистриран на длабочина од 18 километри, на околу 64 километри североисточно од Бислиг.
Топ
Скопјанец запали автомобил во Центар, огнот се прошири и на друго возило

Полицијата доцна синоќа околу 3.30 часот, во Центар, го приведе А.Г.(21) од Скопје.
Тој се сомничи дека претходно на подрачје на Центар со шише со запалива течност предизвикал пожар на патничко возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.М.(69) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.К.(55) од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Младиот маж бил задржан во Полициската станица Центар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Македонија
Николоски: Омилената фирма на власта, Марковски, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола

Владата руши рекорди во крадење, омилената фирма на власта, Марковски компани, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола, изјави на прес-конференција, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Од опозициската партија велат дека договорот во суштина е рамковна спогодба за ангажирање на 10 булдожери гасеничари од „Марковски Компани“ кои треба да бидат ангажирани во РЕК Битола во период од 18 месеци за 16.253 денари по час.
„16.253 денари по час или вкупната вредност на оваа рамковна спогодба е 9 милиони и 200 илјади евра кои Марковски Компани треба да ги добие за ангажирање на само 10 булдожери гасеничари во рамките на РЕК Битола. Овој договор кој го презентирам и кој кажав дека чини неверојатни 16.253 денари по час, значи дека Марковски Компани за само еден ден од РЕК Битола ќе наплаќа 6.300 евра, или за сите 10 булдожери ќе наплаќа 63.000 евра“, рече Николоски.
Тој праша: колку нови булдожери може да се купат со договор од 9.2 милиони евра и тие да бидат во сопственост на државата, а не на омилената приватна компанија; дали можеби можат да се купат 15 или 20 булдожери кои ќе бидат во сопственост на државата, а не во сопственост на Марковски Компани; кој поединец, кој граѓанин заработува по 16.253 денари за работа за само еден час или 6.300 евра дневно?; кој заработува 6.300 евра дневно или 253 евра по час за сопствената работа, дали има втор случај во Македонија или во регионот или во Европа со вакви цени.
Од партијата велат дека ваков договор треба да е предмет на опсервација и на проверка од обвинителството и сите надлежни институции.