Црна хроника
Маж фатен со пиштол на улица во Скопје

Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријава против 30-годишниот Е.Ш..
Лицето, како што посочија од полицијата, се товари поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материи, предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.
Од полицијата соопштија дека на 28 минатиот месец на улицата Беласица во Скопје од страна на полициски службеници извршено е легитимирање и преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден пиштол „црвена застава“ во калибар од 7,65, со една рамка со 7 куршуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Исчезнат велешанец, внукот пријавил во полиција

Маж на возраст од 59 години бил пријавен за исчезнат во СВР Велес вчера во 19 часот.
За исчезнувањето пријавил неговиот внук кој рекол дека педесет и девет годишниот вујко Д.П се оддалечил од неговиот дом во којшто живеел сам.
Од СВР Велес ја потврдија информацијата, и како што велат – потрагата е во тек.
Црна хроника
Приведена скопјанка за издржување затворска казна од две години и шест месеци

Околу 13.30 часот на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги ја лишиле од слобода С.Ц.(63) од Скопје.
Таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициската станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
Црна хроника
Од обложувалница во Шутка одземени пари, уапсени три лица од Скопје

Полициски службеници од ЕВР Чаир ги лишиле од слобода М.Д.(35), Р.К.(33) и А.И.(36), сите од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на 06.12.2023 во спортска обложувалница на подрачјето на Шуто Оризари со закана кон вработената oдзеле пари од касата. При претрес во домот на М.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.
По целосно документирање на случајот, ЕВР Чаир до ОЈО Скопје ќе поднесе соодветна пријава.