Црна хроника
Маж физички нападнал докторка во Кочани, не бил задоволен од третманот

Докторка била физички нападната во Медицинскиот центар во Кочани на интерното одделение.
Нападот го извршил 54-годишен маж, кој влегол во канцеларијата и незадоволен од третманот на мајка му на одделението ја фатил докторката со рацете за вратот, а во понатамошната намера бил спречен од лице од Кочани.
Лицето е лишено од слобода и приведено во полициска станица. Се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Фрлале дрва од товарното возило за да ги спречат и да им побегнат на полицајците: кривична за дрвокрадци од Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против Љ.Д.(44) и Б.Џ.(45), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Имено на 23.10.2023 во село Кошево, полициски службеници од СВР Штип, Шумска Полиција и ЈП Национални шуми – „Серта“ од Штип ги забележале пријавените со товарно возило во кое имало огревни дрва.
Тие со возилото се дале во бегство и притоа од возилото фрлале дрва за на тој начин да ги спречат службените лица да ги престигнат, односно да ги извршат службените задачи.
Топ
Ученик истакнал албанско знаме во училишниот двор во Велес: случајот го пријавил директорот

Денеска во 10.00 часот во СВР Велес, директор во средно училиште во Велес пријавил дека во училишниот двор од страна на ученик во училиштето било истакнато знаме на Република Албанија.
Во присуство на социјален работник со малолетникот е извршен службен разговор, а знамето е одземено, соопшти полицијата.
Според надлежните, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападната новинарска екипа во Тетово, напаѓачите сами се пријавиле во полиција

Вчера, околу 15.30 часот, во Полициската станица Тетово се пријавиле 48-годишниот Б. А. и 53-годишниот М. А. од тетовско Ларце, кои претходниот ден биле пријавени од 25-годишниот Н. А. од гостиварско Калиште дека околу 20.30 часот, во спортска сала во Тетово, додека извршувал новинарски задачи со колешка, му се заканувале, а дека М. А. и физички го нападнал, извести СВР Тетово.
Се расчистува и документира случајот.