Црна хроника
Малолетник од Скопје тешко повреден во сообраќајна несреќа

Малолетник од Скопје тешко повреден во сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и патнички автомобил, соопшти полицијата.
Имено, синоќа околу 20:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Бутелска се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје и патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(36) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач на мотоциклот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Увид извршила екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Преку Фејсбук се претставил дека е адвокат и измамил жена за пари

Скопјанец преку Фејсбук измамил 60-годишна жена дека е адвокат и ја навел да му плати за наводната правна услуга.
Според информациите, А.В.(33) од Скопје, во текот на февруари 2022 година, користејќи група на социјалната мрежа Фејсбук, измамил 60-годишна жена од Скопје дека е адвокат, при што за наводна правна услуга против нејзиниот поранешен работодавач, во три наврати ја навел да му исплати 28.500 денари.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Црна хроника
Фатен бегалец осуден на 70 месеци затвор

Денеска (28.6.2022), во 12.45 часот, на улицата Дижонска во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б. И. (39) од Скопје, информираат од МВР.
Скопјанецот бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за доиздржување казна затвор од три години и осум месеци за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик за кое бил осуден на казна затвор од пет години и 10 месеци.
Лицето ќе ѝ биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
Црна хроника
Обвинение за сопственик на угостителски објект, сексуално вознемирувал Македонка и Русинка

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против едно лице, кое, според опишаните дејства, сторило кривично дело трговија со луѓе, предвидено и казниво по член 418-а став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот во период од јули до октомври минатата година во својот угостителски објект во Гостиварско, употребувајќи сила и закана за употреба на сила и применувајќи психолошко насилство, сексуално и трудово, експлоатирал Македонка и Русинка.
Девојките работеле во угостителскиот објект, едната на шанк и била келнерка, а другата танчарка.
„Искористувајќи ја состојбата на ранливост, на дваесет и двегодишната Македонка ѝ понудил заштита и привремено засолнување од лице што наводно нудело пари за нејзино пронаоѓање, ја сместил во просториите на својот угостителски објект и ѝ понудил работа. По одредено време, обвинетиот побарал за неговата услуга за заштита девојката да прави сè што ќе ѝ каже бидејќи сметал дека таа е ‘негова сопственост и со неа ќе прави што сака’. И покрај противењето на девојката, обвинетиот не само што лично сексуално ја злоупотребувал туку ја присилувал и да дава сексуални услуги и на други лица, од кои наплаќал од 50 до 100 евра. За да може подолго да работи, ја принудувал да користи кокаин. Девојката добивала по 1.500 денари на две недели за извршувањето на работите во угостителскиот објект, кои обвинетиот веднаш ѝ ги земал. Воедно, тој насилно ѝ ја одзел и платежната картичка, од која без нејзина согласност ја подигнал целата сума во износ од 18.000 евра, а исто така успеал противправно да ја пренесе сопственоста од ПМВ, сопственост на девојката, на син му, кој по десетина дена го продал на трето лице“, стои во извештајот на ОЈО.
Од Обвинителство информираат дека Русинката, по претходна комуникација со познајнички, пристигнала во нашата земја кон крајот на август 2021 година. Иако, според првичниот договор, таа требало да биде танчарка, обвинетиот, покрај танцувањето, барал и дополнителни услуги од неа, односно да му дава сексуални услуги на обвинетиот, неговите пријатели и на гости во објектот за што наплаќал од 3.000 до 8.000 денари, а девојката не добивала ништо за возврат.
Не можејќи да го издржи физичкото, психолошкото и сексуалното малтретирање, девојката искористила погоден момент и го напуштила угостителскиот објект.
Обвинител предложил на обвинетиот да му ја продолжат веќе изречената мерка притвор.
За ова кривичното дело следува казна затвор во траење од најмалку 4 години.