Црна хроника
Малолетник тешко повреден во забавен парк во Ново Село, врз него паднал рефлектор
Денеска во 00.30 часот во СВР Струмица, од Медицинскиот центар Струмица било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од струмичко, извести МВР.
Според пријавеното, малолетникот се здобил со повредите во забавен парк во село Ново Село, откако врз него паднал рефлектор. Во врска со настанот од слобода бил лишен Б.К.(40) од Прилеп, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
17 женски лица од кои една наша државјанка затекнати во угостителски објект во Желино
Денеска во периодот од 00:30-03:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на регионален пат Тетово- село Желино на излез од Тетово, каде биле затекнати вкупно 17 женски лица од кои една наша државјанка, и десет странски државјанки со дозвола за привремен престој за странци.
При контрола исто така биле затекнати и шест странски државјанки со нерегулиран престој во државава – Б.В.(44) од Р.Украина, М.А.М(20) од Р.Романија, К.А.(20) од Р.Украина, А.Н.(33) од Р.Украина, К.Н.(30) од Р.Казахстан, М.Л.А.(28) од Р.Франција, и тие се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.
Црна хроника
19-годишен возач со автомобил тешко повреди пешак
Синоќа во 22:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Св. Климент Охридски во Скопје, патничко возило тојота со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(19) од Скопје удрило во пешакот А.О.(27) исто така од Скопје.
Во несреќата А.О. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што е задржана на натамошно лекување.
За настанот бил известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Државјанка на Македонија загина во сообраќајка во Будва, ја удрил возач додека преминувала улица
Државјанка на Македонија, О.П.(73) загина синоќа кога во неа удрило возило додека ја преминувала улицата во близина на зградата на Комуналната полиција, на стотина метри од главните семафори во Будва.
Како што соопштија за „Вијести“ од полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 45 минути по полноќ кога во неа удрил автомобил управуван од М.М.(28) од Тиват.
По наредба на Основното државно обвинителство истрагата ја спровела сообраќајната полиција на Одделението за безбедност во Будва. Телото на жртвата е испратено на обдукција, додека возачот е уапсен.