Црна хроника
Малолетници од Скопје краделе во продавници во Кавадарци и Велес

Двајца малолетници од Скопје извршиле кражби во неколку продавници во Кавадарци и Велес.
Тие во 20.50 часот извршиле кражба од продажен објект во Кавадарци, а пред тоа во друг продажен објект одзеле од касата пари. По преземените мерки и активности, констатирано е дека 1.7.2022, на подрачјето на Полициската станица Велес, во маркет во Велес, од сеф во канцелариска просторија од продажен објект одзеле пари, а истиот ден во уште една продавница во Велес извршиле кривично дело кражба во обид.
Тие се приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив го појасниле начинот на извршување на делата и по целосно документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

На 3.10.2023, во 6.45 часот, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М. Ј. (31) од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и прашеста материја. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведено и второто осомничено лице за предизвикување пожар во Старата скопска чаршија, определен притвор

По преземените мерки и активности, вчера, во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 18-годишниот Б. А. од село Студеничани, Скопско, кој беше баран по централен распис, извести МВР.
„Тој се сомничи дека на 28.8.2023, околу 4 часот, на улицата Градиште, во Старата чаршија во Скопје, со малолетник од с. Моране, Скопско, предизвикал пожар во угостителски објект. Малолетникот претходно беше лишен од слобода, а во домовите на двајцата беа извршени претреси, при што во домот на малолетникот беа пронајдени предмети што потекнуваат од кривичното дело“, соопшти МВР.
Од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје против двајцата беше поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешки дела против општа сигурност во врска со кривично дело предизвикување општа опасност. Б. А. е изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во времетраење од 30 дена по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на мерката притвор.
Црна хроника
Приведен крадец за издржување затворска казна

Вчера попладне, во 14.15 часот, на булеварот Крсте Мисирков во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 21-годишниот К. М. од Скопје, извести МВР.
„Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело кражба по член 235 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на казната.