Контакт

Македонија

Манијак во автобус на ЈСП допирал патничка и се самозадоволувал

Објавено пред

Деветнасетгодишна скопјанка пријавила во полицијата дека вчера околу 13:20 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар едно машко лице ја допирало по телото, а потоа се самозадоволувало.

dobivaj vesti na viber

Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Македонија

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Објавено пред

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски кое преку МНР ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти.

dobivaj vesti na viber

„Oригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до ИНТЕРПОЛ. Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување од нивна страна во најкус можен рок“, велат од Министерството за правда.

Барањето за екстрадиција, министерот Кренар Лога го потпиша вчера со што отпочна процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски. Во текот на денешниот ден експресно беа преведени сите потребни списи и документи на турски јазик, по што барањето за екстрадиција се испрати на турските власти.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ потврдува дека стои зад медиумот во кој со години Палевски беше ководител

Објавено пред

СДСM потврдува дека стои позади медиумот каде Палевски беше години ководител, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„СДС потврди дека стимулира медиуми да шират говор на омраза против Мицкоски и неговото семејство со што директно го изложуваат на ризик нивниот живот“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ,

Како што посочуваат, СДСМ потврдува дека е подготвена на секакви сценарија со кои ќе се обиде да ја дестабилизира Македонија.

„Нема да им помине, а со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, истрагата ќе биде проширена и истата ќе ги опфати сите учесници во овој грозоморен настан како и оние со кои Палевски соработуваше со месеци ширејќи говор на омраза“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Весна Петрушевска: Мајката и сестрата на Вања се болни, во целата колективна траума заборавивме на нив

Објавено пред

Актерката Весна Петрушевска објави видео на својот „Инстаграм“ профил во кое вели дека сестрата на Вања била подложена на операција на срцето, а мајката има сериозни здравствени проблеми со дишењето.

dobivaj vesti na viber

„По целата оваа колективна траума, заборавивме на мајката на жртвата Вања и нејзината сестричка. Многу зборуваме за злосторниците и да, така треба, но ги заборавивме жртвите на насилство, во овој случај тие се директни жртви на насилство, нејзината мајка и нејзината сестричка. Само сакам да ви укажам дека треба да размислите пред што било да објавите или да коментирате. Да размислите на овие две невини суштества чијашто тага во овој момент е немерлива, нивниот живот е скратен, тие се живи мртовци. Тагата е огромна“, вели Петрушевска.

Додека се зборува за камерите, „цитроенот“, за прес-конференцијата, вели актерката, никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка.

„Тоа е поразот наш, и тоа е она што нас ќе нè зафркава во овој животен век. Не сум сигурна дали оставаме добар свет за оние генерации коишто доаѓаат“, вели Весна во видеото.

Денес за првпат се огласи мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, која кажа дека има хронична болест, но се држи, а другата ќерка моментално е болна, но сите се надеваат дека ќе биде добро. Во разговорот, мајката им порача на новинарите да не ја прашуваат ништо за нејзината друга ќерка и за тоа како таа се справува со ситуацијата. Не сака да каже колку години има другото девојче, и во моментов најважно и е да ја заштити.

Мајката на Вања во разговорот рече и дека се уште не може да разбере што се случило, а за поранешниот сопруг кажа дека биле во добри односи поради децата, но не знае што правел тој и со кого комуницирал.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мајката на Вања: Сè уште не можам да разберам зошто моето девојче е сега во гроб

Не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мира и разговаравме само...

Македонија2 часа

Во Македонија уапсено лице од Косово кое се сомничи за убиство на Еквадор

Македонската полиција го приведе Рамзи Аземи од Косово поради распишана потерница по него во Еквадор за убиство на државјанинот на...

Македонија2 часа

Спасовски го обвини ВМРО-ДПМНЕ за политиканство и најави дека ќе се испитуваат комуникациите на осомничените со лица надвор од групата

Политиканството во вакви случаи на убиства, уште еднаш ги убива жртвите и тоа не е добро. Ова го изјави министерот...

Македонија2 часа

Лога за екстрадицијата на Палевски: За релативно кратко време очекувам да биде меѓу нас и да докажува што се случило

Барањето за екстрадиција на Љупчо Пелвски- Палчо, осомничен дека е организатор и извршител на убиствата на 14 – годишната Вања...

Македонија3 часа

Спасовски: Адвокатот на Палевски се’ уште е на распит во полиција

Васко Стојков – адвокатотот на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски, се’ уште е на распит во полициската станица. Министерот...

Македонија3 часа

Кривична ќе има и за возачот кој го носел Палевски до Турција

Возачот кој го превезуваше осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски,  во Турција и кој беше приведен на влез во земјава...

Македонија4 часа

Поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител поради сторена тешка дисциплинска повреда

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна...

Свет4 часа

(Видео) Објавени снимки на кои се слушаат истрели: Русија вознемирена поради осмоодделенката која упадна со пиштол во училиште

Убиено е девојчето Марија Н., а уште пет лица се ранети во училиштето во Брјанск, Русија, кога утрово во одделението...

Свет5 часа

Бразил испраќа војници на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Бразил објави дека распоредува војници долж границата со Венецуела, откако венецуелската влада ги објави плановите за вклучување на областите контролирани...

Македонија6 часа

Запленети непријавени 50.600 евра на скопскиот аеродром

Запленети 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје не ги пријавил кај царинските службеници,...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Треба да се одговори зошто веднаш МВР не тргнало во потрага по возилото на убиениот Панче

МВР направи низа пропусти во истрагата за убиствата на Палевски, што ја отвора дилемата дали Вања можела да биде спасена,...

Свет7 часа

Сенатот го блокираше новиот пакет американска помош за Украина и за Израел

Пакетот нова безбедносна помош за Украина и за Израел во вредност од милијарди долари беше блокиран вчера од републиканците во...

Македонија18 часа

Адвокатот на Љупчо Палевски на распит во полициска станица

Адвокатот Васко Стојков, со кого Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, замина...

Македонија20 часа

(Видео) Пендаровски: За втор мандат ќе се произнесам кога ќе дојде време, не е момент во овие траорни времиња да зборуваме за втор мандат

Претседателот Стево Пендаровски денеска кажа дека не размислува за втор мандат во вакви траорни времиња. „Прашањето на вашата колешка беше...

Македонија24 часа

Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски, информираат од ресорното министерство. Појаснуваат дека истото...

Македонија1 ден

Побарана екстрадиција на Палевски поради убиствата

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција за Љупчо Палевски-Палчо кој е осомничен за убиствата на 14-годишната Вања...

Македонија1 ден

Пендаровски: Функционерите мора да работат и да градат, без да крадат, корупцијата најголем проблем за граѓаните

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на дводневниот Отворен Форум за антикорупција организиран од Македонскиот центар за меѓународна...

Македонија1 ден

Мажoт кој го возел Палевски до Турција доби 48-часовен притвор

Судија го прифати предлогот и определи мерка краткотраен притвор од 48 часа за С.Д. од Струмица, кој го возел првиоосомничениот...

Македонија1 ден

Дали е нормално кога возрасен маж со возило за време на настава бара да оди на „кафе“ со малолетно девојче од 13 години, му се обрати Паунов на Спасовски

Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци утрово преку друштвените мрежи му се обрати на Спасовски и рече дека граѓаните не...

Свет1 ден

Украина во голем страв од пораз, Зеленски нагло ја откажа средбата со Американците

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја откажа средбата со американските конгресмени поради несогласување околу идното американско финансирање за неговата земја. Виртуелните...