Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се самозадоволувал пред неа

Во вечерните часови на 28 декември, 35-годишна скопјанка во полиција пријавила едно лице за недолично однесување.
Според нејзината пријaва, таа била вознемирена од лицето кое се самозадоволувало на територијата на општина Аеродром.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ограбена обложувалница во Аеродром

Вчера вечер во 22.46 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница во близина на трговски центар на подрачјето на Аеродром две лица од вработената одзеле пари, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Струмичанка на забава со употреба на сила овозможила двајца да силуваат малолетничка

На 31.03.2023 полициски службеници од СВР Струмица ја лишиле од слобода С.П.(21) од струмичко, информираат од министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, таа се сомничи дека на забава во јануари 2023, со употреба на сила врз малолетничка овозможила да биде извршена обљуба од страна на двајца малолетници од струмичко.
За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со соодветен поднесок трите лица се денеска изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Црна хроника
Штипјанец ја истепал мајка му, а потоа и полицаецот кој дошол да го приведе

На 31.03.2023 во 23,40 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е лишен од слобода Е.А.(38) од Штип, затоа што околу 23.30 во семејниот дом во Штип, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата мајка, при што употребил остар предмет, а потоа агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.