Контакт

Црна хроника

Машки труп извлечен од Вардар кај Долно Лисиче

Објавено пред

Машки труп бил изваден во четвртокот попладне од водите на Вардар во Долно Лисиче.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти полицијата, идентитетот не е утврден, а со наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција. /крај/со/мф

Топ

Во Германија запленети 2.100 лажни часовници, наменети за македонскиот пазар

Објавено пред

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Во меѓувреме се појавија сомнежи за автентичноста на ваквите вредни предмети кои пристигнале со пратка од Хонг Конг, пишува Дојче веле.

Дванаесет пакети биле на пат кон Северна Македонија, а биле пренесени преку аеродром во Германија.

Да беа оригинали, часовниците би вределе околу 176 милиони евра, се вели во соопштението на царинската служба.

Цариниците ги пронашле часовниците во октомври, но квалитетот на фалсификуваните часовници бил толку висок што царинската служба побарала мислење од 11 производители на луксузни часовници.

„Често лажните часовници не можат да се препознаат на прв поглед“, вели Кристи Штрас, портпаролка на царината на аеродромот во Франкфурт.

Таа додава дека веќе се уништени лажните часовници.

Минатата година главниот царински оддел во Франкфурт покрена постапки за дури 8.958 гранични заплени.

Царинските службеници запленија часовници, лекови, телефони, електроника, облека, обувки, но и производи за лична нега и играчки за деца,пренесе Телеграф.рс.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

130 санкционирани возачи во Скопје

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11 санкции, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци, три мерки за возење под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром

Објавено пред

Осумнаесетгодишно момче ја нападнало својата мајка прес трговски центар во скопската населба Аеродром.

dobivaj vesti na viber

„На 01.12.2022 во 00.40 часот во Полициската станица Аеродром, 46-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 00.15 часот пред трговски центар на подрачјето на Аеродром била физички нападната од нејзиниот син“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното оданочување

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е...

Топ1 час

Во Германија запленети 2.100 лажни часовници, наменети за македонскиот пазар

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата. Во меѓувреме се појавија...

Македонија2 часа

Приватните превозници утрово на протест на „Илинденска“

Превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот „Илинден“. Директорот...

Свет2 часа

Бајден и Макрон: Русија е одговорна за воените злосторства во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон ветија дека Русија ќе одговара за „широко документираните злосторства и воени...

Свет2 часа

Бајден: Не планирам да разговарам со Путин во скоро време

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не планира наскоро да разговара со рускиот колега Владимир Путин, но е подготвен да...

Свет2 часа

Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во војната на Путин

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Северноатлантската алијанса нема да биде вовлечена во војната на Путин. “Руската...

Македонија19 часа

Дојави за бомби во осум училишта во Скопје

Попладнево, во полицијата било пријавено дека на електронски адреси на осум училишта во Скопје им е упатена закана за поставена...

Македонија19 часа

Град Скопје го раскина договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“

Договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските што произлегуваат од договорот. „Во...

Економија20 часа

Мицкоски: РЕК „Битола“ од вчера работи со еден блок на 75 отсто од инсталираниот капацитет

„Владата најавуваше дека ќе работат од 1 ноември до крајот на грејната сезона со трите блока во Битола, едниот блок...

Македонија20 часа

Османи: Во фокусот на нашето претседавање ќе биде враќањето на мирот и стабилноста во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Лоѓ, денес оствари билатерална средба со...

Економија21 час

Дизелот поевтинува, цените на другите горива остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа22 часа

Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Украина го користи секој изговор за да ги вовлече силите на земјите...

Македонија23 часа

(Видео) Пендаровски: Брзината на интеграцијата во ЕУ зависи најмногу од нас

Општиот впечаток меѓу нашите граѓани, за жал, е дека некои од преземените реформи или не се одржливи на долг рок...

Свет1 ден

Лавров: Западот го осакати Советот на Европа не оставајќи му никакви шанси за закрепнување

Сергеј Лавров рече дека Западот го осакати Советот на Европа, без никакви шанси за закрепнување. „Западот го осакати Советот на...

Свет1 ден

Маск најави тестирање мозочен чип на луѓе, ќе почне за шест месеци

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Neuralink да почнат...

Свет1 ден

Белата куќа објави нови пакет-санкции против Северна Кореја

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан објави дека САД работат на нови пакет-санкции насочени кон Северна Кореја. Саливан изјави...

Свет1 ден

Кинески амбасадор: Кина не ја снабдува Русија со оружје

Кина не ја снабдува Русија со оружје, изјави кинескиот амбасадор во Франција, Лу Ша. „Не. Мислам дека на Русија не...

Свет1 ден

Џјинпинг: Кина ги продолжува координацијата и комуникацијата со Европската Унија

Кина ќе продолжи да ги зајакнува комуникацијата и координацијата со Европската Унија, изјави денеска кинескиот претседател на средбата во Пекинг...

Свет1 ден

Пет лица пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго

Пет лица се пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго, соопшти полицијата. Според полицијата, во средата во 11.12 часот...

Македонија1 ден

Маричиќ во Брисел, почнува билатералниот скрининг за „Правосудство и фундаментални права“

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел ќе го...