Контакт

Топ

Мајка и ќерка нападнати од малолетници во автобус

Објавено пред

Мајка и нејзината малолетна ќерка вчера биле физички нападнати од група на малолетни лица во автобус со бројот 21, што сообраќајл по улицата „Скупи“.

Како што соопшти полицијата, случајот го пријавила мајката која е од Скопје.

МВР јави дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Објавено пред

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци, бидејќи со умисла тешко телесно го повредил попот Виктор Стојчев на 7 јануари на Божик 2017 година. Одбраната има право на жалба до Апелациониот суд. Јовановски не дојде да ја чуе пресудата.

Според обвинението, Миле Јовановски на Божик го нападнал попот Виктор Стојчев. Расправијата за паркинг почнала кога попот, обидувајќи се да го паркира џипот, но не можел да влезе во дворот бидејќи возилото на Јовановски било паркирано пред влезот.

Татко му на Боки 13 првин почнал да го удира попот со тупаници, а потоа продолжил да го удира надвор од возилото. Јовановски тврдеше дека бил испровоциран од попот.

Стојчев ќе бара отштета од Миле Јовановски во граѓанска парница.

Прикажи повеќе...

Македонија

Серија земјотреси ја погодија Битола

Објавено пред

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Најсилни до сега од оваа серија биле земјотресите од вчера во 15 часот и 40 минути и земјотресот денеска во 7 часот и 41 минута. Првиот бил со јачина од 3,3 според Рихтерова скала, додека вториот со магнитуда 3.

Овие два земјотреса биле почувствувани со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала во околината на пограничниот премин Меџитлија, додека во Битола и околината со интензитет од III-IV степени според истата скала.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Објавено пред

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се 10 награди на дневно, 15 награди на месечно ниво и две главни награди. На дневно ниво се предвидени награди од 1.000, 2.000 и 3.000 денари.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, за изработка на маркетинг-стратегијата за наградната игра „МојДДВ,#МојаНаграда“ соопшти дека место тендер во соработка со Фондот за иновации ќе организира натпревар-ФИНХАКАТОН2. За маркетинг-агенцијата која ќе понуди најдобро решение одвоени се два милиони денари или околу 33 илјади евра.

„Сакаме да ги стимулираме граѓаните и понатаму да скенираат сметки. Во оваа наградна игра ќе бидат земени предвид и сметките со 0 отсто ДДВ. Маркетинг-стратегијата ќе ја осмислат маркетинг-агенциите преку хакатон кој ќе трае три дена, најуспешните предлози ќе ги оцени петчлена комисија, а посебно нè радува што во маркетинг-тимовите треба да бидат вклучени и студенти“, рече Ангеловска.

Директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, нагласи дека ова е втора соработка со Министерството за финансии по двете апликации за подготовка и реализирање на буџетот.

Тој објасни зошто избирање на маркетинг-стратегија преку хакатон е подобро отколку преку распишување тендер.

„На тендерите се јавуваат веќе етаблирани компании, ние сме пофлексибилни, сакаме да вклучиме и други, покрај етаблираните. Обврска на компаниите во тимот е да имаат студенти, начин на којшто младите ќе добијат право на глас. За маркетинг-агенцијата која ќе понуди најдобро решение одвоени се два милиони денари од буџетот“, рече Деспотовски и ги повика и останатите институции на овој начин да ги реализираат повиците што ги планираат.

Наградната игра е предвидено да почне на 16 декември. Маркетинг-агенциите ќе имаат три дена во текот на овој месец за изработка на стратегијата на наградната игра. Маркетинг-тимовите може да бидат составени од три до шест луѓе, но задолжително секој тим треба да има двајца студенти.

Наградната игра ќе ја спроведува Државна лотарија на Македонија.

Ангеловска нагласи дека од 1 до 15 декември ќе биде исплатата за скенираните фискални сметки за јули, август и септември. Со наградната игра очекуваат да се зголеми бројот на граѓани што скенираат сметки, а најави дека ќе понудат и опција граѓаните веднаш да пријават ако не добијат фискална сметка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија2 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија2 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија3 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет4 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет5 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија5 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија6 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија17 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет17 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа18 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет19 часа

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија22 часа

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет23 часа

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет24 часа

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија1 ден

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион1 ден

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа1 ден

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија1 ден

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Европа2 дена

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Досие