Црна хроника
МВР: 211 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (23.1.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 211 возачи. Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 83 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Повеќе лица повредени во сообраќајна несреќа на патот Кичево – Гостивар

Вчера во 18:20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај с. Колари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мини купер“ со италијански регистерски ознаки, управувано од Х.Б.(26) од с. Колари, патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(76) од с. Зајас, Кичевско, и патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(52) од Скопје.
По незгодата, тројцата возачи и сопатниците во патничкото моторно возило „ауди“, Ф.А.(74) од с. Зајас и патничкото моторно возило „мини купер“ А.З.(23), Н.А.(54), И.З.(56) и Л.З.(31), сите од с. Колари, биле пренесени во Медицински центар Кичево и кај Х.Б., А.З., Н.А. и И.З. биле констатирани повреди, а кај Л.А. и З.И. биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево.
Црна хроника
Тешко повредена 50-годишна велосипедистка од Скопје по удар од автомобил

50-годишна велосипедистка од Скопје била тешко повредена по удар од автомобил, соопшти полицијата.
Имено, вчера во 14:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Призренска во Скопје патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(71) од Скопје, удрило во велосипедистка С.Г.(50) од Скопје.
С.Г. била пренесена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Приведен криминалец осуден на пет и пол години затвор, предаден е на КПУ Идризово

Синоќа во 21:50 часот на место викано „Живкова карпа” во Куманово, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(35) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од една година и девет месеци, а бил осуден на пет години и шест месеци за сторени кривични дела по член 201 и 236 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната.