Црна хроника
Мерка притвор добија тројца учесници во инцидентите во Скопје
МВР соопшти дека од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, заедно со ЕИП, лишени се од слобода осум лица во врска со извршено кривично дело “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа” по чл.319 од КЗ, по повод организираната прослава на албанското знаме на плоштад Скендербег во Скопје, при што по завршување на прославата од страна на повеќе лица на неколку локации на бул. “Крсте Мисирков”, беше извршено палење и кинење на државното знаме на РСМ.
Од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал преземени се оперативни мерки и активности, како и прегледи на видео снимки од безбедносни камери и видеа објавени на социјални мрежи, при што е обезбеден доказен материјал и документирани се дејствијата на лицата Ф.И., Е.Д. и С. М..
-Во координација со ОЈО Скопје против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа” по чл.319 од КЗ и се изнесени пред Судија за претходна постапка, од чија страна на истите им е одредена мерка притвор во траење од осум дена, стои во соопштението од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

