Контакт

Црна хроника

Мерки на претпазливост за кумановец поради ширење говор на омраза на „Фејсбук“

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице, жител на с. Пелинце, општина Старо Нагоричане, поради постоење ширење расистички и ксенофобичен материјал на социјалните мрежи.

„Осомничениот делото го сторил на 21.4.2019 преку ‘Фејсбук’ кога објавил текст во кој дал поддршка на кривичното дело сторено од негов близок роднина, во кое животот го загуби полициски службеник, а беа повредени уште четири лица. Во објавениот текст осомничениот повикал на насилство кон оштетените од сообраќајната несреќа“, соопшти ОЈО Куманово.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, поведувајќи ја постапката против осомничениот, до судија на претходна постапка на Основниот суд Куманово доставил и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот.

Предлогот е прифатен, па со решение на осомниченото лице му се определени мерките на претпазливост според кои привремено му е одземена патната исправа и му е зададена обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во судот.

Црна хроника

Мотоциклист загина во сообраќајната незгода на патот Кичево – Охрид

Објавено пред

Дваесет и осумгодишен мотоциклист почина во сообраќајната несреќа што се случи на патот Кичево – Охрид, кај селото Другово.

Обвинителството јави дека во несреќата учествувале мотоциклистот и товарно возило.

„Товарното моторно возило со регистарски ознаки од Струмица удрило во моторциклот без регистарски ознаки, управуван од лице на возраст од 28 години. Од ударот мотоциклистот добил тешки телесни повреди и починал на пат кон медицинска установа во Скопје. Од страна на дежурниот јавен обвинител во содејство со екипа на Секторот за внатрешни работи Кичево извршен е увид на местото на настанот. Притоа се фиксирани пронајдените траги и предмети. Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за проверка на крвта кај возачот на товарното моторно возило и за обдукција на починатото лице. Извршена е и фотодокументација на местото на настанот“, велат од Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ограбена спортска обложувачница во Скопје

Објавено пред

Непознат сторител синоќа извршил разбојништво во спортска обложувачница на улицата Февруарски поход во Скопје и одзел пари од прометот.

МВР јави дека презема мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Поради расправија за дечко, малолетничка заврши во болница со расеченици по телото

Објавено пред

Синоќа било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ била донесена 17- годишна девојка од село Средно Коњари, Скопско, со расеченици по левата рака и нога, соопшти МВР.

Според пријавеното, повредите ѝ ги нанела извесна Н. Н. по претходна расправија за момче.

Полицијата информира дека презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Јункер: Глупавите националисти ги сакаат само своите земји

Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската...

Топ6 часа

(Видео) Груби ја поздрави одлуката за оставка на Богоевски

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, ја поздрави одлуката за оставката на пратеникот Павле Богоевски и изрази жалење за состојбата во...

Бегството на Груевски7 часа

Јовески: Не постојат пречки за Интерпол да објави потерница по Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека верува оти не постојат законски или какви било пречки за да биде објавена потерницата за...

Македонија8 часа

(Видео) Павле Богоевски најави оставка

Пратеникот Павле Богоевски најави дека ќе поднесе оставка по скандалот со аудиоснимката објавена на руската мрежа „Вконтакте“, а на која...

Регион11 час

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал...

Свет12 часа

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје. Министерството...

Спорт12 часа

Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Медиумите објавија дека...

Европа12 часа

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент....

Забава1 ден

Тамара прва од гласовите на жирито, а седма во финалето, гласовите коригирани

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите...

Македонија1 ден

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија1 ден

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија1 ден

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија1 ден

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија1 ден

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија1 ден

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија1 ден

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет1 ден

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа1 ден

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет1 ден

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Досие