Црна хроника
Метална врата на фудбалско игралиште паднала врз малолетник во скопски Аеродром

Синоќа во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром, Р.Ж.(65) од Скопје пријавила дека на 28.06.2022 околу 20.30 часот на фудбалското игралиште на ул.„Бојмија“ на нејзиниот малолетен внук паднала метална врата.
Малолетникот бил пренесен на Детска хирургија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се работи на расчистување на случајот, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен неготинец, му го одзел возилото на скопјанец

На 10.08.2022 во 12.30 часот на автопатот А1 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.М.(68) од Неготино, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“
Тој се сомничи дека неколку часа претходно во Скопје одзел патничко возило „шевролет авео“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Скопје.
По целосно документирање на случајот против Ѓ.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
422 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (10.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 422 возачи.
Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 211 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Приведен крадец, дел од одземеното вратено на сопственикот

Вчера во 10.40 часот на подрачјето на Драчево полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево и од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Г.Ј.(50) од Скопје.
Тој се сомничи дека неколку часа претходно извршил кривично дело „тешка кражба“ од продажен објект на подрачјето на Драчево.
Во службен разговор Г.Ј. го признал делото, а дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.