Македонија
Мигранти од Пакистан пронајдени во објекти на поранешна свињарска фарма во Куманово

Синоќа во напуштени објекти на поранешна свињарска фарма во селото Речица, Кумановско, полициски службеници пронашле 23 лица мигранти од Пакистан.
„На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово и на стариот пат од Куманово кон с.Сопот, во с.Долно Којнаре, кумановско, полициските службеници забележале како мигрантите излегуваат од три возила, кои претходно не застанале на даден знак за запирање. Мигрантите биле предадени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат Интерпелација на Претседателот на Собранието Талат Џафери, најави координаторот Никола Мицевски.
По вчерашниот ден кога пратениците беа заклучени во пленарната сала по наредба на претседателот Талат Џафери, како што рече Мицевски, веќе било кристално јасно дека Собранието не е повеќе демократска институција, туку институција заробена од еден Автократ, кој што си дозволува да се однесува како собранието да е приватна своина, непочитувајќи никаков Деловник и пред се крши основни човекови права.
„ Талат Џафери, со своите диктаторски и непринципиелни методи не смее ни ден повеќе да го води законодавиот дом. Овој човек нема почит спрема никого, ниту спрема собраниската служба која ја вреѓаше и пцуеше на најбезобразен начин, ниту спрема пратениците за кои се дрзна да им го ограничи правото на движење и ги заклучи во пленарната сала.
Ова се крици на еден немоќен и неспособен човек кој што не може да изгради сопствен авторитет ниту кај службата ниту кај пратениците и затоа незнаејќи што да прави се дрзнува насила да спроведува режим кој што е далеку од демократски. За Талат Џафери, не постои Деловник, не постојат човекови права. Овој автократ е влезен во филм дека никој ништо не му може и дека е недопирлив и затоа мора да си оди подалеку од храмот на демократијата.
Ова е човек што си дозволува да фрла амандмани на опозиција во контејнер, да омаловажува вработени во Собранието, луѓе професионалци кои се криви само затоа што одбиваат да ги примаат неговите наредби кои се незаконски, насилно да ги заклучува пратениците во Собранието, да крие закони и интерпелации во фиока и да го ускратува уставно загарантираното право на пратеник да ги застапува граѓаните кои што го бирале“ изјави Мицевски.
Тој додаде дека сето ова се случува со дозвола и знаење на СДСМ, кои според него, секојдневно ги бранат постапките на Џафери
„ Нас ни е јасно дека Џафери и СДСМ ќе направат се, повторно да избегаат од одговорност како многупати досега и исто така им порачуваме дека оваа Интерпелација не смее да заврши повторно кај него во фиока и никогаш да не ја стави на седница како што се случи со предходната што ја поднесовме“ рече Мицевски.
Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа пратениците од СДСМ заедно да се ослободат од заложничкото однесување на Џафери.
„ Го повикуваме и премиерот Димитар Ковачевски, еднаш барем да се заинетесира и да се постави како вистински премиер, а не да молчи и да бега од јавноста бидејќи ова што се случува е и негов срам“ порача тој.
Македонија
М-р фарм Славица Тодоровска од Хемофарм порачува: Не смее да ве боли

Во 21 век секој пациент има право да ги минува деновите во мир, без болка, без разлика колку е тешка или напредната болеста.
Понекогаш болеста носи силна, долготрајна болка поради која се губи сонот, а животот се претвора во страдање. Ако болката трае подолго од три месеци се нарекува хронична болка.
– Важноста на лекувањето на болката произлегува од фактот дека болката е најчеста причина за посета на лекар.Хроничната болка, која погодува околу 20 отсто од светската популација, се јавува кај голем број состојби како што се ревматски и невролошки заболувања, дијабетес, СИДА, малигни заболувања и многу повеќе.Најчесто хроничната болка трае подолго од 6 месеци, а не само што предизвикува физичко страдање и оштетување на физичкото здравје на пациентот, туку има негативно влијание и врз психичкото здравје и квалитетот на животот – објаснува м-р фарм.Славица Тодоровска менаџер на Хемофарм во Македонија.
Нашиот народ е навикнат долго време да страда од болки, а хроничната болка се уште недоволно се лекува кај нас, иако активно работиме на следење на современите трендови во терапијата со болка, ( на пример во цела Србија се формирани клиники и кабинети за терапија на болка).
Во кои услови е неопходна терапија на болката?
– Секогаш кога има силна болка. Болката може да биде акутна или хронична. Акутна болка се јавува во случај на траума или после операција. Од друга страна, причините за хронична болка можат да бидат различни. Болката може да настане поради спазам на скелетните мускули како на пр. болка во вратот или грбот, а разликуваме и невропатска болка, болка како важен придружник на хронични, воспалителни и дегенеративни состојби како во случајот со остеоартритис. Третманот на болката од рак бара посебно внимание. Современата фармакотерапија на болката подразбира употреба на лекови кои се карактеризираат со висок степен на ефикасност, со прифатлив безбедносен профил – вели м-р фарм Тодоровска.
Една од најчестите хронични болки е невропатската болка која погодува околу 10 проценти од светската популација. Како се создава?
– Патофизиолошките механизми на нејзиното појавување се многубројни. Невропатската болка може да биде предизвикана од инфекции како што е инфекција со Херпес Зостер, потоа исхемија кај пациенти со дијабетес кога се јавува болна дијабетична полиневропатија. Оваа болка може да биде предизвикана и од траума, оштетување на ‘рбетниот мозок, хируршки интервенции, невротоксини, зрачење, хемотерапија. Пациентите ја опишуваат како силна болка во вид на жарење, пецкање,трпнење – објаснува нашата соговорничка.
Дали невропатската болка денеска поуспешно се лекува?
– Новите генерации на лекови значително го олеснуваат лекувањето на невропатската болка, делувајќи каузално и симптоматски. Еден од новите лекови за третман на умерени до тешки акутни и хронични болки е Тапентадол, кој има нов начин на делување. Во споредба со другите опиоидни аналгетици, тој има помалку гастроинтестинални и ЦНС несакани ефекти, така што неговиот безбедносен профил е висок. Пациентите, како и другите лекови, не смеат да го земаат сами, туку само според упатствата и советите на лекарот.
Пациентот денес не смее да трпи болки. Тој има право деновите да ги минува во мир, а не во страдање – нагласува м-р фарм Славица Тодоровска од Хемофарм.
ПР
Македонија
Хуманитарното движење на ИТ-компаниите продолжува традицонално и во 2022 продолжува со МАРАТОН

Отворен повик до сите ИТ компании за приклучување во проектот за 2022 година.
Донаторскиот проект на ИТ компаниите “IT 4 Charity 2022’ оваа година има нова активност која ќе ги обедини сите вработени во Tech индустријата. На 25 Септември организираме МАРАТОН во кој вработените од IT компаниите ќе можат да се приклучат со велосипед и со трчање на патека долга 10 километри.
Учесниците во МАРАТОНОТ ќе имаат можност на целта да стигнат во СОС Детско село каде што ќе имаат можност да се запознаат со децата поддржани од СОС Детско село и да ја почувствуваат каузата за која ќе спортуваат.
Периодот на хуманитарната акција IT4Charity Marathon 2022 започнува на 25 Maj и ќе трае до 25 Септември ден и кога ќе се реалира Маратонот со старт во парк и финиш во СОС Детско село.
Во моментот се приклучени 7 ИТ компании: Slice, Valtech, EmbedSocial, CodeIT, OneInside, Cognism, CapCargo и Challenger, на кои сме неизмерно горди и ги очекуваме сите останати да ни приклучат.
Сите заинтересирани компании за приклучување во проектот можат да не исконтактираат на: [email protected]
Овој проект и партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи иновативните соработки со ИТ компаниите ќе придонесат за стабилност и континуитет на работата на организацијата за
· обезбедување топол дом и љубов за децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село
· за поддршка на деца во ризик да не останат без своето семејство
· за осамостојување на младите во социјален ризик
ПР